Програмата зад која стои СЗО, ги поврзува државите и произведувачите на вакцини. До 9. октомври се уплатува аванс кој е 1,60 долари или 3,10 долари по доза. Вкупно 156 држави се приклучија на глобалниот план Ковакс, чија цел е да обезбеди фер дистрибуција вакцините против ковид-19, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
Според овој план, фокусот на првото вакцинирање е на најризичните групи во секоја земја, како што се здравствените работници.
Според списокот на СЗО и Алијансата ГАВИ за вакцини, кој е затворен во петокот, кога истече рокот, има 64 богати земји.
Ковакс има за цел да набави и испорача 2 милијарди дози одобрени вакцини до крајот на 2021 година, но некои земји кои обезбедија сопствени резерви преку билатерални зделки, вклучително и САД, соопштија дека нема да се приклучат.
Сите земји потписнички на Ковакс, имаат обврска со 9 октомври да уплатат аванс. Џените и моделите на учество се разликуваат, а оние кои се обврзуваат дека ќе ја купат вакцината ќе им се дозволи однапред да платат само 1,60 долари по доза.
За програмата „Ковакс“
- Глобалната шема е дизајнирана за дистрибуција на вакцината по најниски цени
- Се планираат две милијарди дози да се распределат до крајот на 2021 година
- Целта е распространетоста на вакцините да биде еднаква
- Планот на програмата досега го потпишаа земји кои претставуваат 70 отсто од светската популација
- Програмата ги вклучува сите произведувачи на вакцини кои влегле во третата фаза од испитувањето на вакцините против ковид-19
Програмата Ковакс претставува еден од трите столбови на иницијативата „Алцелератор на пристап до алатите за ковид-19“, која во април ја покренаа СЗО, Европската комисија и Франција. Целта на програмата, која ја кооридинараат ГАВИ, Коалицијата за иновативна подготвеност на епидемии (ЦЕПИ) и СЗО е сите на светот да имаат пристап до вакцината против коронавирусот кога ќе биде направена, без оглед на срествата со кои располагаат.
За најризичните
– Ковакс ги поддржува истражувањата, развојот и производството на голем број потенцијални вакцини и преговара за нивната цена. Сите земји учеснички, без огледа на својот буџет, ќе имаат еднаков пристап до вакцините кога ќе се развијат. Целта е до крајот на 2021 да бидат достапни две милијарди дози, што би требало да биде доволно да се заштитат најризичните и најранливите групи луѓе, како и здравствените работници, стои на сајтот ГАВИ.
За да се оствари ова, ГАВИ, како што се наведува, ја создаде програмата Ковакс фасилити, во која може да учествуваат и самофинасирачките економии и оние кои се финансираат, а внатре во таа програм направен е и посебен механизам за финансирање „ГАВИ Ковакс АМЦ“, кој ќе ги поддржи земјите со ниски приходи.
Ковакс фасилити соработува со произведувачи и им овозможува да произведат дози кои се потребни штом вакцината ќе се одобри. Ќе се користи и заедничката куповна моќ која произлегува од учеството на толкав број земји за да се проговара за многу конкурентни цени.
– Земјите кои се самофинансираат, ако се одлучат за задолжително купување ќе мора да се обврзат на гарантирана набавка на договореното количество дози. Во замена за оваа гаранција ќе им се дозволи пониска цена за авансно плаќање од 1,60 долари по доза или 15 отсто од вкупната цена по доза. Според овој вид договор, учесниците се обврзуваат на купување одреден број вакцини кои, кога ќе бидат достапни, ќе бидат правично распределени меѓу нив. Земјите ќе имаат можност да се откажат од купувањето доколу цената на вакцината биде два (или повеќе) пати повисока од очекуваната, пишува ГАВИ.
Еднаков пристап за 20 отсто од популацијата
Веднаш штом било која вакцина која е во портфолиото на Ковакс успешно ќе ги помине клиничките испитувања и биде регистрирана, расположливите дози ќе бидат, како што стои на сајтот ГАВИ, доделени на земјите пропорционално на нивната вкупна популација. Иако учесниците во самофинансирањето може да бараат дози за вакцинација меѓу 10 и 50 отсто од популацијата, најпрво во сите земји ќе бидат распоредени дози за 20 отсто од популацијата, за да може сите држави да добијат вакцина.
Откажување
За факултативниот аранжман за купување, учесниците може да се откажат од купувањето, но ќе плаќаат повисока авансна цена од 3,10 долари по доза и 0,40 долари како осигурување од ризик.
Овој проект настана поради тоа што се случувало релативно помалите и посиромашни замји да имаат многу тежок пристап до лекови, вакцини и друга медицинска опрема.
Целта на иницијативата е да не се случи големите и силни земји да обезбедат вакцини за себе, додека сите останати од помалку богатите земји да бидат оставени на милост и немилост на глобалниот пазар.
-Државите инвестираа околу 2,5 милијарди евра за иницијативата „Акцелератор на пристап кон алатите за ковид-19“, чиј дел е Ковакс. Меѓутоа, целокупната инвестиција изнесува 29,7 милијарди евра, додека 12,7 милијарди се итно потребни да се обезбедат, рече неодамна Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на СЗО.
Доцнење
Маргарет Харис, портпарол на СЗО, рече дека уште одреден број на земји се регистрирала за глобалниот план за вакцинација, а некои доцнења настанале поради процедурални прашања. СЗО соопшти дека на Ковакс му се приклучиле 156 држави, но недостасуваат големите како САД, Кина и Русија.
– Она што го најавивме е почеток. Тоа ќе продолжи. Сите мораме да бидем заедно во ова за да ѝ ставиме крај на оваа епидемија, истакна таа.