Фаталната Ханде Ерчел, новата љубов на Хакан Сабанџи, со својот ноншалантен живот постојано е на насловните страни во турските таблоиди.
Но како што пишуваат турските медиуми, мајката на Хакан, кој потекнува од едно од најбогатите семејства во Турција, не се согласува со тоа што нејзиниот син е во официјална врска со познатата актерка.
Како што објави турскиот „Таквим“, мајката на Хакан, познатата дизајнерка Азру Сабанџи, изјавиле дека таа не може да биде невеста.
Првата заедничка фотографија на Ханде и Хакан одекна како бомба во турските медиуми, а поприлично внимание привлече и тоа што Хакан наводно некое време бил заљубен во поранешната сопруга на Мурат Далкилич, Мерве Болуѓур. Мурат воедно беше и поранешно момче на Ханде.
Од друга страна како бомба во медиумите одекна и веста дека мајката на Хакан, Азру, ставила вето на нивната врска.
Но и покрај негодувањата на неговата мајка, Ханде и Хакан во последните неколку недели се неразделни.
Тие беа на романтично патување во Париз, па во Лондон, а потоа и да ја гледаат поларната светлина во Финска.
Мајката на Хакан наводно коментирала дека Ханде има многу помали шанси да и биде снаа и од Озге Улусои, манекенка за која Азру исто така немаше убаво мислење, пишуваат турските медиуми.
Инаку, младиот пар на социјалните мрежи често ги објавуваат моментите што ги поминале заедно, па многумина се надеваат дека познатата актерка конечно го нашла вистинскиот во нејзиниот живот.
Ханде претходно беше во врска со Мурат Далкилич, Керем Бурсин и Кан Џилдирим, а како што своевремено пишуваа турските медиуми, популарниот турски пејач Мурат токму заради Ханде се развел од неговата поранешна сопруга, актерката и моделот Мерве Болуѓур, која што на нашата јавност и е позната по улогата на султанката Нурбано во познатата серија „Сулејман Величествениот“.
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел