Реклама
Дом и семејство

Свекрвата без моја дозвола му ја скрати косата на мојот син! НЕ сакам да ми излегува пред очи. Што мислите, дали сум во право или не?

Реклама

Една мајка ќе доживееше нервен слом поради свекрвата

Револтираната мајка сега не може ни да го погледне својот син бидејќи свекрвата без дозвола му ја скратила косата.

Маркетинг

Имено, една жена на форумот „Mumsnet“ се пожали на свекрвата на која и го оставила синот да го чува.

На мајката и се допаѓале долгите кадрави прамени на нејзиниот син, па одлучила да не му ја крати косата. Од друга страна, пак, нејзината свекрва постојано тврдела дека на малите деца косата побрзо им расте ако редовно се шишаат, па постојано и вршела притисок на мајката.

Маркетинг

Кога мајката еден ден го однела синот кај неа да и го причува, свекрвата имала „генијален“ план.

Свекрвата без да ја праша мајката му ја скратила косата на детето и тоа толку многу што мајката останала во шок кога прв пат го видела својот син. Толку била изнервирана што секогаш кога ќе го погледнала и се „качувал притисокот“.

„Повредена сум и збесната. Знаеше дека ми се допаѓа неговата коса и намерно го направи тоа“.

По ова таа го прекина секој контакт со свекрвата и напомена дека ова не и е прв пат да ја помине границата.

„Шокирана сум што е толку злобна. Секогаш кога ќе го погледнам синот, ми се враќа нервозата. Сега и тој е збунет што не можам ни да го погледнам“, пишува искрено мајката.

Таа дополнително се изнервирала кога ја прашала свекрвата дали барем зачувала некој прамен за спомен, а таа и без да земе во предвид дека тоа ќе ја повреди и изнервира, и одговорила дека зачувала – но само за себе и дека не сака да и го даде на неа. „Ова беше последната капка во чашата, и ‘реков повеќе да не ми се појавува пред очи’”, заврши со својата исповед оваа мајка.

Другите членови на форумот се согласија со неа, односно дека однесувањето на свекрвата е неприфатливо.

Што би направиле вие во ваква ситуација?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button