Реклама
Наши ѕвезди

Свекорот на Северина испеа една нејзина песна и ги воодушеви обожавателите на Инстаграм: „Подобро од оригиналот“

Реклама

Северина на нејзиниот Инстаграм профил објави симпатично видео со свекорот Драган Којиќ Кеба, на кое го убеди да испее една од нејзините песни.

„Извини свекор, но дали ти можеби знаеш некоја моја песна да испееш, го праша Северина на почетокот од видеото.

Маркетинг

Кеба спремно и одговори: „Снао, па јас ги знам сите твои песни. И она што најдобро го знам е да ги упропастам“.

Потоа Кеба на својата снаа и ја испеа песната „Јас само пеам“ од истоимениот албум, а според она што го кажа Северина, но и според коментарите на нејзините обожаватели, нејзиниот свекор песната ја испеа одлично.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/BsYTPI1hEAQ/

 

„Убаво, убаво“ се огласи Северина на крајот, а под видеото што го објави на нејзиниот Инстаграм напиша: „Оваа песна ја напишав и ја пеев во 1999 година. 20 години подоцна … Мојот свекор, најдобар на светот“.

Обожавателите на Северин го споделија нејзиното воодушевување, а некои заклучија дека верзијата на Кеба е дури и „подобра од оригиналот”.

https://www.instagram.com/p/BsK-fj4hWHk/

Видеото беше прегледано за помалку од еден час речиси 85.000 пати и има преку 30.000 лајкови.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button