Реклама
Новости

Свадба од милион евра, Брена и Слоба направија хаос – пари летаат на сите страни, сватовите во транс (фото)

Газдата на музичарите им платил 120.000 евра

Реклама

За гламурозната прослава што се одржа овој викенд во Црна Гора зборува целиот регион.

Како што пишуваат српските медиуми, организаторите на прославата не се познати, како и повеќето од гостите, но затоа пак, оние што беа задолжени за атмосферата се и повеќе од познати.

Имено, на социјалните мрежи испливаа снимки од прославата за која водителот Урош Божиќ вели дека чинела милион евра.

Маркетинг
Фото: Инстаграм

И навистина, сцените што можеа да се видат од оваа венчавка покрај морето изгледаат како да е во прашање светскиот џет сет.

Фото: Инстаграм

Гостите ги забавуваа Лепа Брена и Слоба Радановиќ, а тука се и веселите сватови, скапите автомобили, бина покрај самото море.

Маркетинг
Фото: Инстаграм

Како што може да се види од снимките, пари летаат на сите страни, што им даде мотивација на музичарите да направат фешта.

Брена и нејзиниот колега Слоба атмосферата ја подигнаа до највисоко ниво, а гостите цело време пееја и играа со нив.

Фото: Принтскрин/ Хепи ТВ

Вистински хаос настана која пејачката во еден момент ја запеа „Хеј Шеки Шеки“, по што сватовите паднаа во транс.

Фото: Инстаграм

За гостите домаќините не штедеа, па така имаше скапо мени со избрани пијалаци и морски плодови.

Фото: Инстаграм

Како што пишува српскиот „Курир“, ова е една од најскапите прослави на овие простори. Наводно само декорацијата чинела 50.000 евра, а во менито покрај традиционалните јадења имало и морски плодови, бифтек и најскапите деликатеси од сите краеви на светот. Се служело само најскапото шампањско и сите гости јаделе со златен прибор.

Посебно воделе сметка и за тоа кој ќе ги забавува гостите, па така главни ѕвезди беа Лепа Брена и Слоба Радановиќ.

Фото: Инстаграм

Како што пишува овој медиум, организаторот само за музиката потрошил повеќе од 120.000 евра, од кои 20.000 за Слоба, додека големата романска ѕвезда Флорин Салам кој исто така ги забавуваше гостите, добил 50.000 евра.

Фото: Инстаграм

На Брена покрај хонорарот и била платена и авионски билет како и престој во еден од најскапите хотели во Црна Гора.

Фото: Инстаграм

На крајот од нејзиниот концерт следуваше голем огномет, заради кој светеше целото крајбрежје.

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button