Реклама
Новости

СВАДБА Е ГОЛЕМА: Кога се жени колега сè е пуштено на „најјако“- Еве каде беа собрани народњаците

По бројните свадби на кои тој ја правеше забавата со својата препознатлива ињевска гајда дојде ред да заигра и на сопствената свадба.

Реклама

Епицентарот на забавата деновиве беше сконцентриран во еден локал за венчавки во Струмица.

Младиот музичар Дарко Коцев се ожени. Неговата избраничка е убавата Добринка.

фото/ Фејсбук
фото/ Фејсбук

По бројните свадби на кои тој ја правеше забавата со својата препознатлива ињевска гајда дојде ред да заигра и на сопствената свадба.

Маркетинг
фото/ Фејсбук

Дарко е професионален музичар веќе долги години, во Ињево имаше и свое културно друштво, но по пандемијата интересот опадна и беше принуден да го затвори фолклорниот дом.

фото/ Фејсбук

Тој е родум од с. Ињево Радовишко, но веќе две години живее и работи во Германија.

Маркетинг

Неодамна почна да објавува креативни видеа  за кој доби огромна поддршка од публиката.

Дарко и Добринка како и повеќето млади одлучија да си ја пробаат среќата надвор од Македонија.

Драко и покрај тоа што нашол  работа за егзистенција, тој не се откажува од музиката и во Германија, па така и ширум државата оди на македонски свадби во дијаспората. Таму заедно со „Мерак бенд“  се популарни меѓу нашинците.

фото/ Фејсбук

Дарко во летниот период постојано е тука во Македонија. Целата сезона за свадби му е букирана заедно со неговиот бенд со кој работи овде. Каде што ќе се појави тој свадбите се највесели, бидејќи неговиот кавал и гајда даваат посебен шмек на веселбата.

фото/ Фејсбук

На неговата сведба која се одлучи да ја прави во родниот крај присуствувале многу колеги естрадата.

Ветеранот Орце Стевковски сподели неколку слики и видеа и го долови традиционалниот свадбарски амбиент.

Меѓу присутните  популарни гости беше и пејачот Дамјан Стојановски.

Од фотографиите кои се појавија на интернет можеме да заклучиме дека забавата била на највисоко ниво.

Невестата излгеда фантастично, блесна во преубава  невестинска креација во бисерна боја. Со раскошна круна на главата таа беше дефинитивно кралицата на вечерта.

Младоженецот,пак, права даса, стројниот Драко одбрал прекрасен смокинг во црна боја искомбиниран со бела коѓула и елек. Вистинска елеганција!

фото/ Фејсбук
фото/ Фејсбук

фото/ Фејсбук

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button