Колегите од Гранд се скршени од болка
Целата продукција на Гранд е во шок, поради страшната трагедија и загубата на саканата колешка.
Вчера во нејзиниот стан била убиена А.Д., а се сомнева дека убиството го извршил нејзиниот сопруг.
По Драгана Катиќ потресена од страшната трагедија се огласи и Сања Кужет, која објави слика од жртвата.
– До кога насилство, до кога?! – напиша Сања и додаде:
– Драга Анкице… Душа на жена… незаменлива празнина во колективот, душа моја – напиша водителката.
Таа беше една од омилените вработени во продукцијата на „Гранд“.
-Анкица ќе ја паметиме како весела, насмеана и секогаш расположена колешка која се трудеше да им удоволи на сите. Искрено сочувство до семејството – напишаа од Гранд.
Припадниците на Министерството за внатрешни работи во Белград го уапсија Ж. Д.(61) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело убиство.
Тој е осомничен дека вчераутро во станот во Раковица со остар предмет ја повредил својата педесет и седумгодишна сопруга А.Д., при што таа починала.