Сашо Тасевски: „Да се насмееме на наша сметка. И онака тешко ќе куртулиме како народ“
На 1 јуни стендап вечер со Сашо Тасевски во ланч-барот „Живот е циркуз“
Познатиот македонски актер, писател и стендап комичар го најави својот стендап настап што ќе го одржи на 1 јуни во Илинден.
Познатиот актер ќе настапи со својот соло проект кој на социјалните мрежи го најави со зборовите:
„На први јуни во Илинден имам стендап. Па да се видиме таму, да се посмееме на наша сметка. И онака тешко дека ќе куртулиме како народ“, пишува Саше на Фејсбук.
Маркетинг
Настанот ќе се случи во ланч-барот „Живот е циркус“ на 1 јуни (ова кул место се наоѓа во населбата Илинден), во 21.00 часот, а влезниците ќе бидат 200 денари и можат да се резервираат на 070 317 082.
Тасевски е познат како врвен забавувач и еден од најдобрите стендап комичари во нашата земја.
Неговите стендап настапи дефинитивно ќе ве расположат, насмеат и сигурно нема никого да остават рамнодушен.
Неговиот хумор би го опишале како интелигентен и автентичен, но истовремено и саркастичен, полн со политичко-филозофски теми во врска со она што на сите ни го загорчува животот. Тој својата инспирација ја црпи од нашето секојдневие и од беспаќето во кое што речиси секој нормален Македонец се нашол, но и од своето искуство како актер, писател и татко на три деца.
И како што самиот вели, „Дојдете да се насмееме на наша сметка. И онака како народ тешко ќе куртулиме“.
Значи, Тасевски не кани да погледнеме во светлана страна на животот, без разлика на апсурдот што не опкружува, и тоа од едно место што носи толку интересно име. За нас ова е доста да не привлече, да не поттикне да поминеме една малку поинаква вечер.
Претпоставуваме, и за вас…
Па, доколку имате смисла за добар хумор и сакате убаво да си поминете, повелете во четврток во „Живот е циркуз“ во Илинден.
Настанот ќе започне во 21.00 часот, а влезниците ќе будат 200 денари и можат да се резервираат на телефонот 070 317 082.