Реклама
Вирално

Сашо Тасевски: „Вардар од кочина ве качи на Мон Блан!“

Реклама

Еден интересен коментар на кој случајно налетавме, а го напиша нашиот познат актер Сашо Тесевски.

Еве што вели тој по вчерашната историска победа на ракометарите на Вардар.

Маркетинг

„Немојте луѓе! Достоинството е уште поважно да се покаже во победата. Не може да си шампион во Европа и во исто време да си националшовинист. Не може. Неспоиво е. Мочате на големината на оние кои го направија тој спортски подвиг, на оние кои Европа годинава ги запозна како нивни навивачи кои фанатично го бодреа својот клуб. Кои навиваа без да сторат ниту најмал инцидент и кои беа буквално нивниот осми играч кој настапуваше секаде со нив. Вистинските шампионите и нивните навивачи никогаш не се спуштаат на ниво на примитивци и простаци, зашто се под Големото Око на светот. Тие се огледало за непобедливоста и достоинството и на државата од која доаѓаат и на оние кои во неа живеат. Ако таа Македонија создала европски шампион во некој спорт, зошто не би создала шампион и во било што друго. Ако има вакви навивачи кои гинат за тој клуб и притоа ги гледаме на нашите улици во најпозитивно светло на цивилизираност, зошто таа држава и тој народ да ги сметаме за подолни од нас. Така размислува светот соочен со големината на тој шампион. Зошто би скокале во калта, ако сме на кровот на Европа, со примитивни шовинистички постапки. Потурете ги со пепел сите провокатори и мизерни души, кои ве туркаат од тој кров, долу, во калта, со останатите свињи. Нека се удават таму. Ако е некој будала, не мора да го имитирате. Што со тоа ако урлате Клети Шиптари??? Ќе смените нешто на подобро? Ќе ги натерате да се справат со шовинистите од нивниот народ? Нема. Само ги туркате уште подалеку од себе и оние Албанци кои вчера исто навиваа за Вардар и се радуваа кога победи. И провоцирате контра свињарии во оваа мизерна балканска кочина. Наместо тоа, дишете со полни гради. Вардар од кочината ве качи на Мон Блан.“

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button