Сашо Мијалков стана дедо, неговиот постар син доби женско дете – погледнете ја бабата Александра, блеска од радост и среќа!
Вчера семејството на еден од најмоќните и најбогатите луѓе во државата, Сашо Мијалков, имаше голема прослава.
Синот на поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков и примабалерината Александра Мијалкова, Јордан Мијалков и неговата сопруга Анастасија се остварија во улога на родители.
Анастасија беше бремена на свадбата која што се случи неодамна во еден скопски ресторан, а сега нејзината сестра Александра ги изненади сите кога преку социјалните мрежи соопшти дека станала тетка.
Таа посака да е жива и здрава ќерката на нејзината сестра, а за раѓањето на внуката славеше и бабата Александра.
Од нивните објави можеме да заклучиме дека снаата на Сашо Мијалков родила женско дете, но и дека се поминало во најдобар ред.
Инаку, Јордан кој пред неколку недели „скокна во тавче“ е постариот син на Сашо и Александра Мијалкови.
На свадбената церемонија бремената невеста блескаше со своето трудничко стомаче во венчаницата, а во центарот на вниманието беше и нејзината свекрва, примабалерината Александра, која за оваа пригода избра елегантен и модерен црн фустан со кој никого не остави рамнодушен.
Во прашање е долга креација со асиметричен крој во горниот дел и со потписот на Тања Кокев.
Таа целото издание го зачини со високи потпетици и големи златни обетки, и со насмевка позираше покрај своите синови.
Елегантното издание на Александар на свадбата на својот син, погледнете го во галеријата во рмките на овој текст…
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Извор: Женски магазин, Гламур