Сашко Коцев и неговата сопруга имаат посебна причина за славење – пристигнуваат честитки, овие нема никогаш да ги заборави!
Ова беше посебен ден за семејството на познатиот актер…
Еден од нашите најпознати актери, Сашко Коцев, деновиве го прослави својот роденден, па си доби гoлем број честитки од пријателите и колегите.
Меѓу првите преку социјалните мрежи му честиташе неговата сопруга, шармантната докторка Смиљана Бундовска, која објави заеднички фотографии на својот профил на Фејсбук со неколку емотикони со смајлиња и срциња.
Покрај Смиљана интересна честитка објави и колешката на Коцев, Јелена Јованова, која ги насмеа сите.
Имено, Јелена на својот драг колега му го честиташе роденденот со една необична стара фотографија на која Сашко е облечен во шарени хеланки и во светкава блуска без ракави, а во слично издание се облечени и останатите колеги. Веднаш по објавата шеговито реагираше Гораст Цветковски, на што неговата колешка Јелена одговори како од пушка дека ова е еден од нивните најјаки заеднички спомени.
Заедничка фотографија со нивните сопруги објави и Тони Михајловски која исто така воодушеви нивните бројни фанови.
На неа сите се насмеани и изгледаат поприлично расположени, а во центарот на вниманието се поубавите половини на Сашко и Тони.
Инаку, во февруари 2023 пристигнува романтичната комедија снимена во Словенија во која главната улога ја играат токму Сашко Коцев и Јелена Јованова. Во прашање е долгоочекуван филм „Нешто слатко“ за кој зад кулоарите се зборува уште од снимањето на првата клапа.
Погледнете ги и останатите фотографии…
Бонус галерија
Моментот кога Сашко ја запроси својата сакана на „Златна бубамара“
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
.