Саша Јоксимовиќ ги расплака неговите фанови на Инстаграм со РОДЕНДЕНСКАТА ЧЕСТИТКА за 50-от роденден на Жељко
Жељко Јоксимовиќ го прослави својот 50-ти роденден
Во семејството на пејачот Жељко Јоксимовиќ месец април е резервиран за роденденски прослави.
На 10 април роденден славеше синот на Жељко и Јована, Коста, а десет дена подоцна на ред дојде и главата во семејството. Потоа, по само пет дена, следува роденденот на Јована која оваа година ќе наполни 41 година.
Водителката на роденденската прослава се појави во гламурозни розово издание со кое никого не остави рамнодушен, додека нејзиниот сопруг носеше црн костум и бели патики, во комбинација со блуска во иста боја.
Пејачот доби голем број честитки од своите фанови и пријателите, но една посебно беше емотивна за многумина.
Имено, неговиот брат Саша Јоксимовиќ на својот Инстаграм сподели фотографија од детството на која се гледа како го гушка својот постар брат и гледа во камерата, додека Жељко гледа во далечина.
„50! Времето брзо проаѓа, чувај го тоа дете во себе и остани здрав, силен и насмеан. Биди ми жив брате“, напиша тој на социјалните мрежи.
Интересна порака објави и Мина Јоксимовиќ, ќерката на Жељко од првиот брак со Весна Јоксимовиќ.
„Тато, среќен роденден! Колку е убаво кога татко ти е млад, па со него можеш во град“, напиша таа на Инстаграм.
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм