Реклама
Вирално

Саша Поповиќ откри што најмногу го нервира кај кандидатите во „Ѕвездите на Гранд“ : “Ќе се појават еднаш и мислат дека се ѕвезди”

Поповиќ искрено проговори за натпреварувачите во Ѕвездите на Гранд...

Реклама

Креативниот директор на продукцијата „Гранд“, Саша Поповиќ проговори за натпреварувачите во најпопуларното натпреварување во регионот.

фото принтскрин/Гранд

Саша Поповиќ се присети на почетокот на продукцијата „Гранд“ која во меѓувреме роди десетици музички ѕвезди.

Маркетинг

фото принтскрин/Гранд

-Кога ќе дојдат на аудиција се тресат од страв, кога ќе дојдат на натпревар имаат огромна нервоза, подобро пеат на аудиција отколку што тоа го покажуваат на натпреварот, но кога ќе стигнат до финале, тогаш се опуштаат, а после една година се сметаат за ѕвезди. Секогаш им велиме да бидат такви какви што ги видовме прв пат, да бидат нормални и професионални како Брена, Цеца, Марија Шерифовиќ -истакна Поповиќ и додаде:

Маркетинг

фото принтскрин/Гранд

– Секогаш е важно навреме да доаѓаат на емисиите, секогаш да одговараат на повиџи и да не прават скандали. Тие се сите деца од 18-19 години, сакаат се, прво кога ќе заработат купуваат добра кола за да се пофалат. Има многу сиромашни деца кои поминале на аудицијата, кои дошле во „Ѕвездите на Гранд“ и кои правеле кариери, купувале станови, автомобили, часовници и така натаму – рече Поповиќ.

фото принтскрин/Гранд

Неодамна Поповиќ откри дека Баба Ванѓа му предвидела голема кариера.

фото принтскрин/Гранд

„Никогаш не ни замислував, мислев дека ќе свирам цел живот и дека оркестарот „Слатки грев“ ќе свири доживотно, но кога почнаа настаните во Југославија, војната и така натаму, се разделивме. Интересното е што во деведесеттите, кога имавме турнеја во Бугарија, отидов кај покојната Баба Ванѓа, која ми рече дека на 47 години ќе бидам директор на голема куќа. Од сите пејачи, во тоа време не можев да прифатам и да разберам дека тоа може да се случи затоа што во деведесеттите имавме сто и нешто илјади луѓе на стадионот во Бугарија на огромна турнеја, а не ни размислувавме што ќе правиме денес. Три години не сум на чело на „Гранд“ продукција, го водам „Ѕвездите на Гранд“ и јас сум креативен директор“, изјави Саша за Нова Шоу.

фото принтскрин/Гранд

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button