Маја Јевтиќ заврши како финалистка на „Ѕвездите на Гранд“ а публиката ќе ја памети како првата трудница која стигна до крајот на натпреварот.
Маја Јевтиќ го зазеде високото четврто место во финалето, а многумина се прашуваа дали воопшто ќе успее да стигне до крајот на сезоната со оглед на тоа што беше во поодмината бременост.
Членовите на жирито беа изненадени од фактот што Маја успеа да се пласира во Финалето, а Саша Поповиќ призна дека и самиот не очекувал трудница за прв пат да влезе во финалето на натпреварот.
– Не ни помислував дека трудница ќе се пласира во финалето, верувајте! Како го поднесуваш сето ова, те молам објасни ми – ја праша креативниот директор Маја, на што таа одговори:
– Навистина не знам како се снаоѓам, но воопшто не е тешко.
Сите ги интересираше полот на бебето, но и дали натпреварувачката веќе избрала име, па Саша ја искористил приликата да ја праша Маја како ќе се вика бебето.
– Ако е девојче, ќе се вика Маша – одговорила Јевтиќ, а потоа се вмешал креативниот директор и предложил машко име:
-Ако е момче, да се вика Саша, истакнал тој.
Маја се насмеа и истакна дека идејата не е лоша, а потоа откри какво име планира да му даде на бебето ако е син.
– Ќе изберам машко име и тоа најверојатно ќе биде Богдан – рече насмеаната кандидатка.