Саша Поповиќ дојде со ѕвер од 150.000 евра во „Ѕвездите на Гранд“ – „ШOKИPAШЕ“ и со она што и го кажа на Цеца пред сите
Најголемото изненадување во претстојната сезона од музичкото шоу секако е Цеца Ражнатовиќ.
Имено, таа седна во столчето на жирито на местото на Јелена Карлеуша, што беше големо изненадување, па сега сите нестрпливо чекаат да видат како пејачката ќе се снајде во оваа нејзина нова улога во животот.
„Кога слушнаа дека Цеца ќе биде во жирито, луѓето барем на мене така ми зборуваа, Цеца на секому ќе му даде“, порача во свој манир Саша Поповиќ, на што Цеца му одговори.
„Е, си се зафркнал“, му одговори кратко таа. Потоа Саша повторно се пошегува на сметка на пејачката.
„Цецо, кое годиште ти е момчето?“
„1983“ , му одговори Ражнатовиќ.
„Аха, а ти се илјада осумстотини…’ продолжи да се шегува Поповиќ на нејзина сметка.
„Ма немој, 1700. сум годиште“, се пошегува и Цеца.
Инаку, Саша се најде во центарот на вниманието и кога се појави пред студиото на Гранд.
Имено, тој на снимањето на втората емисија од новата сезона во „Ѕвездите на Гранд“ се појави во неговиот луксузен автомобил со кој никого не остави рамнодушен.
Во прашање е автомобил од марката БМВ чија вредност се движи некаде околу 150.000 евра.
Неодамна на социјалните мрежи исплива и видео на кое се гледа како тој се вози со својот ѕвер низ Опатија.
Тој и на снимањето на новата сезона се појави во скапоцениот автомобил кој можете да го видите во продолжение.
Поранешниот директор на Гранд беше видно расположен, а како и не би бил кога поседува еден од најскапите и најдобрите автомобили на естрадата, а е во пензија.
Во прашање е бакарен ѕвер БМВ и8.
Овој модел многумина го нарекуваат „вонземски“. Беше планирано да се произведуваат само 10 вакви автомобили дневно, но заради преголемата побарувачка БМВ двојно да зголеми производството.
Но секако, направен е во ограничен број од само 200 ширум светот, така што не може секој да го поседува. Во продолжение погледнете уште неколку фотографии од овој модел на познатиот автомобилски бренд.