Реклама
Наши ѕвезди

Саша Ковачевиќ се оперираше во Турција, многумина мислат дека се претерал со ботоксот

Реклама

Популарниот српски пејач неодамна престојуваше во Турција, а во јавноста излезе дека наводно бил таму на одмор и летување. Меѓутоа, ситуацијата е многу поинаква. Саша одлучил по трет пат да се оперира за да го реши проблемот кој го мачи долги години.

– Не, тоа не беше летување, би било убаво да беше летување, туку јас трет пат ги оперирав синусите. Веќе 20 години имам проблеми со алергиите и на секои шест, седум години го решавам проблемот со носните школки. Тоа беше причина што отидов таму. Го искористив овој период кога немам работа и можам да си дозволам да бидам отечен и каков и да сум, а тоа беше причината, рече Саша во една емисија.

Маркетинг

На Саша уште во 2006 години на испитување му утврдиле дека е алергичен на неколку видови плевел, трева и дрвја поради што има проблеми со дишењето и грлото. Тогаш ја имал првата операција, која не му помогнала многу.

https://www.instagram.com/p/B2UYr_SoiWs/?utm_source=ig_embed

Маркетинг

Посебно ми е тешко кога настапувам, па се трудам во тој период на не излегувам премногу од дома. Непријатноста која ми ја создава алергијата е голема, тешко дишам, грлото ме чеша, кашлам и кивам, ми паѓаат капаците, очите ми се црвени и постојано сум поспан, рече пејачот пред неколку години.

https://www.instagram.com/p/BtMAYsjnloE/?utm_source=ig_embed

Набрзо потоа, Саша во Србија имал уште една операција, на носните школки и на третиот крајник.

 

Фото: Antonio Ahel/ATAImages

– Не можам да кажам дека се чувствувам многу подобро после операцијата, зошто напролет со поленот повторно ми почна алергијата, која ми го отежнува дишењето.

https://www.instagram.com/p/B6i2r9yBk3I/?utm_source=ig_embed

Без оглед на тоа што ги скратив носните школки проблемите ми се појавија повторно и имам често зарипнат глас и отежнато дишење. Земам антибиотици и капки зошто нема трета опција, но тоа не ме спречува да работам. Се надевам дека ќе ми биде подобро, рече Саша тогаш, и оваа година повторно замина под нож.

Фото: Antonio Ahel/ATAImages

– Нема што не сум пробал, од хомеопатија, преку квантна медицина до лекови. Мојата работа зависи од тоа, зошто носот е мојот апарат, а јас со години не можев да го користам она како што треба и да дишам правилно. Сите тегоби дополнително ме го отежнуваа пеењето и тоа мојот глас да звучи како што треба, додаде Саша.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button