Саша Ковачевиќ прв пат се огласи откако излезе од болница – видно ослабнат, еве како изгледа сега
Прво огласување месец дена по излегувањето од болница
Познатиот српски пејач Саша Ковачевиќ при крај на минатиот месец заврши во болница заради малаксаност, каде беше задржан неколку дена заради дополнителни испитувања.
Пејачот по неколку дена беше пуштен на домашно лекување, а сега конечно се огласи и на своите фанови им соопшти дека му е подобро.
„Драги мои, по речиси месец дена отсуство имам потреба да ви се јавам. Пред сé да ви се заблагодарам на грижата, на љубовта што ми ја дававте сите овие денови, би им испратил и голема благодарност на Клиничкиот и Ургентниот центар. Им се извинувам на луѓето за концертите што не можеа да се случат, но од јули продолжуваме со нови сили, набргу се дружиме“, изјави Саша кој со ова обраќање ја најави и својата нова песна.
Маркетинг
Потсетуваме, пејачот Саша Ковачевиќ по хоспитализацијата што се случи при крајот на мај беше пуштен на домашно лекување.
Неговата состојба тогаш бараше константен надзор од докторите, а по еден месец како што самиот соопшти, ситуацијата му се подобрила.
Инаку, јавноста за неговата состојба дозна откако мораше да го одложи концертот што беше закажан за 21 мај..
Тогаш медиумите објавија дека пејачот завршил во болница, а следуваше и соопштение од менаџерскиот тим на Саша.
Неговите фанови беа загрижени бидејќи е познато дека пејачот води здрав живот и редовно тренира, така што е во одлична форма.
Но Саша сега се огласи на неговиот Инстаграм и потврди дека е добро и им се заблагодари на сите што се грижеа за него.
Пејачот во своето обраќање најави и нова песна, а како изгледа сега, погледнете во продолжение на овој текст.
Фото: Инстаграм/ Саша Ковачевиќ
Фото: Инстаграм/ Саша Ковачевиќ
Фото: Инстаграм/ Саша Ковачевиќ
Фото: Инстаграм/ Саша Ковачевиќ