Сатурн по 26 години влегува во Водолија: Животен пресврт за овие знаци
Сатурн се подготвува за влез во знакот Јарец и за привремено влегување во знакот Водолија кое ќе се случи на 22 март. Станува збор за значаен период којшто нѐ очекува, период кој е погоден за развој и за усовршување на сите полиња, пред сѐ.

За време на задржувањето на Сатурн во Водолија ќе бидеме присилени да се соочиме со минатото и со некои одамна започнати работи кои не сме ги завршиле до крај. Нѐ очекуваат големи животни промени кои во голема мера ќе ни го одредат понатамошниот тек на нашето делување.
Можно е да дојде до разделби, откази од работа, но од друга страна и до голем напредок. Можно е да се преселите или дури и да ја напуштите државата. Кругот се затвора и доаѓа време за нови искушенија. Ова е период на крупни промени и започнувања на нови поглавја во животот. Сѐ што досега ве мачело, време е да го разрешите, а Сатурн ќе се погрижи за истото.

Дојде време да ги преиспитаме сопствените цели и сериозно да размислиме што навистина си посакуваме. Ќе ни се укаже можност да го реконструираме целиот живот. Ќе се чувствуваме дека ќе можеме да реализирате сѐ што ќе замислиме и дека ни претстои голема среќа. Овие аспекти најсилно ќе ги почувствуваат Водолиите и Лавовите.



