Реклама
Вирално

Само час пред венчавката влезе во соба и рече дека нешто мора да ми каже: Трогателна исповед на една жена

Реклама

Момчето од соништата најубавиот ден ѝ го претвори во кошмар, оставајќи ја пред олтарот, пред насобраните роднини, пријатели, познаници…

– Беше доцна попладне и требаше да се омажа,. Мојата сестра ми помагаше да се облечам и ме праша дали сум нервозна. Искрено ѝ реков дека не сум. Имаше уште еден час до венчавката и јас си бев преокупирана со моите соништа, на плажа во Хаваи, со маж кој е мој најдобар пријател. Се сеќавам дека сестрата ми искоментира зошто не сум нервозна: „Па би требало да бидеш. Тој е супер момче“.

Маркетинг

Често подоцна се присетував на тие нејзини зборови, се потсетува Синтија Мезонев (35) од Канада на својот најлош ден во животот.

Еве што вели таа:

Маркетинг

„Својот вереник го запознав две години пред венчавката на безбол натпревар. Беше висок и сладок. Живеев во Торонто, а тој беше на два часа возење од мене, но сеедно почнавме да излегуваме. Возев секој викенд кај него за да бидеме заедно. Бевме опиени. Ме запроси шест месеци подоцна на плажа во текот на залез на сонцето. Не сметав дека влетуваме во брак или дека тој побрза со запросувањето. Луѓето ни говореа дека сме совршена двојка. Купивме куќа заедно додека ја планиравме венчавката.

Одлучивме да се венчаме на Хаваите, а тој многу се ангажураше околу организацијата. На денот на венчавката стоевме на прозорецот од хотелот и заедно гледавме на плажата каде требааше да се одржи церемонијата. Не бев нервозна додека се подготвував за венчавката и ја облекував венчаницата. Затоа веројатно бев толку збунета со она што се случи.

Влезе во соба и рече дека би сакал на само да разговара со мене. Плачеше. Мислев дека го преплавиле емоции поради венчавката. Тогаш ми рече: „Јас не можам да го направам тоа“. Го прашав дали се шегува. Одмавна со главата. Стоев таму со вел во косата и го гледав. Мажот кој требаше да биде љубовта на мојот живот му зборува дека ја отповикува нашата венчавка, и тоа на само еден час пред закажаниот почеток. Бев толку шокирана што не го прашав зошто го прави тоа. Само му реков да си оди. Хотелската соба одеднаш ми се чинеше толку малечка.

Мојата сестра и кума потрчаа по него, но побегна од нив. Дури ниту на организаторите не им рече дека нема ништо од венчавката. Гледав низ прозорец како сестра ми на сите им објаснува дека нема венчавка. Помислив дека можеби го фатила некаква нервоза или паника, но се покажа дека не е така, кога го отворив плакарот и внатере ги немаше неговите работи, ниту пак пасошот. Сфатив тогаш дека навистина ме оставил. Ми беше скршено срцето. Бев така понижена и скршена.

Почувствував потреба дека морам да побегнам, да излезам од хотелот. Отидов да прошетам на плажа. Половина час подоцна го повикав, а тој само рече дека си заминал. Тоа е се. Ни сама не знам како ја преживеав таа ноќ. Бев зашеметена. Отидов на вечера, но не можев да јадам. Сестрами ми даде таблети за спиење, но сепак се разбудив во четири часот утрото. Сеќавањето на сето она со нас на почетокот ми беше најтешко да се преживее.

Она што ја отежна целата сотуација е тоа што на островот остана до крајот на неделата, а бевме во исто одморалиште. Го видов на паркингот два дена подоцна и му викнав дека е кукавица. Тогаш веќе лутината ми ја замени тагата. Се занимавав со разни активности на островот за да не размислувам за тоа што се случи. Целта ми беше да заспијам секоја вечер без размислување.

Но, дојде врема за враќање. Се вратив во Канада и суровата реалност. Се преселив назад кај родителите, а тие се погрижија за продажба на куќата. Се чувствувам како повторно да сум во пубертет.

Неколку недели подоцна го сретнав, а тој ми предложи да бидеме заедно, но без бенчавка. Тоа ми беше многу чудно. Причината поради која не сакал да се жени, барем така рече, е тоа што јас сакам деца, а тој не. Никогаш не ми објасни зошто тоа му стана толку важно токму на денот на нашата венчавка.

Со тек на време изгубивме контакт. Сега, 11 години подоцна, тоа што ми се случи е доволно далеку во минатото што никој не може да ме повреди. И на пријателите им реков дека сега без проблем можам да се смеам на сето тоа, рече Синтија на крајот од својата исповед.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button