„Само ти ме сакаш искрено“ – Зоки Фаци стопен од љубов од неа, ја бакнуваше и прегрнуваше
Зоки Фаци стопен од љубов.
Познатиот водител ги стопи фановите со својата објава.
Зоран Василевски во јавноста е познат како Зоки Фаци поради емисијата „Фаци“ која ја водеше на некогашната А1 телевизија.
ФОТО: Инстаграм / Зоки Фаци
Важеше за водител без влакна на јазикот и некој кој без проблем ќе направи сѐ за да ги фати познатите во некоја ситуација, за која не сакаат да зборуваат во јавност.
Зоки денес е актуелен по поткастот на Јутјуб кој го води заедно со Стефан Лазаров.
ФОТО: Инстаграм / Зоки Фаци
Нивниот поткаст е еден од најгледаните во моментов кај нас, а секогаш имаат интересни, успешни и популарни гости.
Зоки е активен и на Инстаграм, каде секојдневно споделува фотографии и видеа.
ФОТО: Инстаграм / Зоки Фаци
По професија е ветеринар, а дека е голем љубител на животните се гледа и од неговите објави.Ги обожава коњите, па целиот негов стан е украсен со уметнички слики со коњи, но и украси.
Својот мир го наоѓа во својата куќа во Катланово и честопати споменува дека секој викенд го поминува таму.
ФОТО: Инстаграм / Зоки Фаци
Во својот двор има насадено различни видови цвеќиња и билки за кои се грижи самиот, а има и куче.
Зоки сподели фотографии и видеа со своето куче Луна, а во опис напиша:
„Само ти ме сакаш искрено, безусловно, фала ти за тоа Луна“.