Само среќни вести околу неа: Пријовиќ се пофали, фановите се приклучија на честитките
Популарната пејачка Александра Пријовиќ се огласи на Инстаграм и сподели среќни вести.
На нејзината мајка на Велики Петок ѝ беше роденден, па пејачката и го честиташе преку социјалните мрежи со оглед на тоа што не можат да бидат заедно поради вонредната ситуација во Србија.
– Среќен роденден, мамичке моја најубава и најдобра! Те сакам – напиша пејачката, а потоа и ја сподели нивната заедничка фотографија.
Многумина забележаа дека нејзината мајка изгледа младо, како да и е сестра.
Друг повод за прослава е роденденот на венчалниот кум на Александра, Ацо Пејовиќ.
-Куме мој најдобар, среќен ти роденден! Те сакам!
Третиот најважен повод за прослава сеакко беше самиот христијански празник Велигден, кој Александра оваа година го помина во кругот на најтесното семејство.