Реклама
Кафе муабет

Само сакав да пробам фустан во еден бутик во Скопје, а поради поганиот јазик на продавачката ми се случи најнепријатната ситуација во животот

Реклама

Продавачките треба да бидат љубезни …

Извор: zena.Blic.rs, Glamur.mk

Требаше да одам на дипломска забава кај ќерката на една моја колешка, па решив да се покажам во полн сјај. Но бидејќи за новогодишните и божиќните празници се поправив неколку килограми, решив да се подновам со нов фустан. Единствениот проблем беше во тоа што немав многу време, односно што решив наместо од Скопје сити мол од каде што најчесто купувам, набрзина да разгледам што има низ продавниците во ГТЦ, а потоа, кога ќе се вратам од работа, да скокнам во неколку бутици кои се наоѓаат во населбата во која што живеам. За нив веќе подолго време ми зборуваа неколку пријателки, па решив да ги посетам и да видам дали има нешто поевтино што ќе ми стои убаво.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/Beq0uqlHjOt/?tagged=lotd

Едноставно не сакав да фрлам пари за нешто поскапо, бидејќи знаев дека наскоро повторно ќе почнам со вежбање и со здрава исхрана, па ќе си ја вратам старата форма. А и еден од тие бутици што постојано ми го зборуваа има и свој профил на Фејсбук, па од фотографиите може да се забележи дека имаат добри модели, а како што реков и цените им се поприлично пристојни.

Маркетинг

Но, тоа беше мојата најголема грешка!

Отсекогаш ме нервирало кога ќе се најдам во бутик во кој продавачката ќе оди по мене и целото време ќе ме прашува дали ми треба нешто, постојано висејќи ми над главата. Едноставно сакам сама да се шетам низ продавницата, а ако имам некое прашање, тие се тука љубезно да ми одговорат. Ме нервира и кога нешто ќе ги прашаш, и кога ќе ги мрзи да проверат. Или че те погледнат коцкесто и ќе ти одговорат со пола уста. Но за среќа, или несреќа, продавачката која што ме пречека во бутикот не беше од таков тип, мислам од оние кои постојано нешто мрчат, а единствената маана беше што не престануваше да зборува. Тоа веднаш го забележав бидејќи кога влегов зборуваше на мобилниот, најверојатно со некоја нејзина пријателка, и без воопшто да се обѕира на тоа што сега и јас бев присутна во просторијата, продолжи со муабетот. Зборуваше за сопругата на газдата на бутикот (да, верувале или не, за неколку минути успеав да го разберам тоа), но тоа за мене беше совршена прилика сама да се прошетам низ просторијата и да видам дали има нешто за мене. Кога најдов еден модел кој ми се допаѓаше, ја побарав со погледот продавачката, да ја прашам дали има бројка за мене. Таа не чекаше ни да ја прашам, туку ми рече: „Оф, не ми е тешко да побарам бројче, но маче, верувај ми, со твоите килограми, и со твоите мали гради, ќе изгледаш како крофничка во тој фустан. Побарај нешто друго бидејќи овој едноставно не е за тебе“.

Останав запрепастена. Таа го сврте грбот и продолжи да зборува на телефонот. Не дека имам тело како манекенка, но далеку сум од некој на кого би можеле да му кажете дека изгледа како крофна. Или дека градите не ми се убави. Да, тие се мали, но потполно се стегнати! Од друга страна, еве признавам, продавачката изгледаше топ. Имаше руса коса, и тело од милион долари, но нејзината уста, а најверојатно и градите беа вештачки. Да, беше една од оние „фуфуци“ кои се хит во последно време, но само на социјалните мрежи, во машката фантазија и на постерите во гаражите на камионџиите. Во реалноста со нив не можете да направите два реда муабет, а да не се изненадите од нивната „интелегенција“. Како и да е, тоа што изгледаше подобро од мене не и даваше за право да ми ги каже тие зборови. Ги премина сите граници. Помислив дали да се расправам, но кога видов дека таа го заврте грбот и продолжи да зборува за тоа како и се пуштал газдата, решив да ги напуштам бутикот. И повеќе никогаш да не се вратам.

https://www.instagram.com/p/8QvPdpqFHF/?utm_source=ig_embed

Сепак, на крајот на краиштата таа е само продавачка во еден обичен маалски бутик и јас најверојатно никогаш повеќе нема да ја видам во животот. Ниту неа ниту пак, нејзините исправени и големи силиконски гради. И нејзиното мислење воопшто не ме интересира. Можеби ќе ми биде дополнителна мотивација да се вратам на здравата храна и да почнам со вежбање, но нејзиниот примитивизам, непрофесионалност и невоспитаност дефинитивно се нешто што никогаш не можат да се поправат. Точка.

Да, јас можеби сум „крофничка“, но немам комплекси заради тоа. За мене сите жени се убави на свој начин, но таа во тој момент не само што изгледаше грдо и одвратно во моите очи, туку беше и милион светлосни години далеку од совршена жена. Џабе и се силиконите кога со нејзиниот поган јазик дава впечаток на најглупавата жена што сум ја сретнала во животот.

Палавата Ана

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button