Најубавите италијански мудрости:
Само вистинскиот пријател ќе ти каже дека твоето лице е валкано
Тој што работи, јаде. Тој што не работи, јаде, пие и спие.
Јас ќе се заштитам од непријателите, Бог нека ме заштити од пријателите.
Добра мајка е вредна 100 учители.
Движи се полека за да не се крене прашина.
Наутро виното е оловно, попладне е сребрено, а навечер е златно.
Убавината има прекрасни листови, но горки плодови.
Кој е нестрплив, не е заљубен.
Устата понекогаш се смее без срцето да знае за тоа.
Нема свадба без солзи, ниту пак погреб без насмевки.
Што повеќе го жртвуваш своето јас, толку посилна и повистинска е твојата љубов.
Не е убаво тоа што е убаво, убаво е тоа што ни се допаѓа.
Да љубите, а да не бидете љубени е исто што и да одговорите, а никој да не ве вика.
Пријателството е како виното – ако не е старо, не вреди ни скршена пара.
Непријателот е најопасен кога изгледа поразен.
Кога играта ќе биде завршена, и кралот и пионите одат во иста кутија.
Секој е цар во сопствениот дом.
Кога бираш жена и купуваш коњ.