Вирално

Самохрана мајка се воодушеви кога виде што прави дадилката со нејзината тригодишна ќерка

Advertisement

За самохраната мајка, Џена Хаслам, животот драстично се промени откако неодамна остана без нејзиниот сопруг, Касиди, кој ненадејно почина.

Advertisement

Најтешката работа за неа беше да и објасни на 3-годишната ќерка Алиди дека нејзиниот татко никогаш повеќе нема да го види. Тој и девојчето имале посебна врска – тој секогаш ја нарекувала принцеза, а Алиди продолжи да носи костуми за полесно да ја преболи смртта на својот татко.

Мама Џена мораше да најде и дадилка што ќе ја чува нејзината ќерка кога таа нема да биде дома. Таа ја вработи 15-годишната Киган Карнахан, која за многу брзо време се спријатели со нејзината ќерка. Мајката се изненади кога еднаш се врати дома и ја виде Киган заедно со Алиди во кадата. Кога сфати што се случува, таа беше воодушевена. Имено, Киган беше облечена во сирена, а му купила костим и на тригодишното девојче. Исто така, ја бојадисала и косата за да изгледа како Ариел од цртаниот филм „Малата сирена”.

Advertisement

 

Алиди беше убедена дека нејзината дадилка е вистинска сирена, а мајката Џена го сподели овој убав гест на социјалните мрежи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button