Реклама
CelebrityИнтервју

„Сакај се каков што си и луѓето ќе те прифатат таков“

Реклама

Младата велешанка Валери, беше придружен вокал на Eye Cue на Евровизија во Португалија. Во моментов работи на нова српска песна, која наскоро треба да излезе….За себе ќе рече дека знае кога е во право и до крај се бори додека не објасни зошто е така, и тоа знае да трае со саати, но некогаш и попушта…

 

Маркетинг

 

Гламур интервју со Валери!

Маркетинг

 

Беше дел од музичко натпреварување. Дали би им препорачал на младите таленти да се пријавуваат и да бидат дел од еден ваков тип на натпревар?

-Убаво е да имаш и такво искуство во кариерата, лично јас си поминав многу убаво, запознав многу нови пријатели со кој до ден денес сме во одлична комуникација и имаме посебна врска помеѓу нас.Така што, им препорачувам  на сите млади артисти доколку имаат шанса за пријава на некое натпреварување, да не се двоумат и да го направат првиот чекор,затоа што можеш само да добиеш,нема што да изгубиш.

 

Беше дел од евровизискиот тим. Како искуство беше тоа за тебе? Дали би сакала ти еден ден да ја преставувап нашата земја?

-Тоа е незаборавно искуство! Немам како да го опишам ова искуство,често ми го имаат поставувано ова прашање, сето тоа траеше 15 дена, и многу брзо поминаа деновите.Имавме чести проби,се дружевме со сите претставници од другите земји,организацијата беше одлична,салата беше преголема, кога излеговме на таа бина не ми беше реално… Секако дека сакам еден ден и јас да ја представувам нашата земја.

Што може да ве разочара кај вашите пријатели и дали влегувате во конфликт за да ја истерате правдината или сте „тип“ на жена која знае да попушти?

– Хаха, кога знам дека сум во право истерувам до крај додека не објаснам зошто,и тоа знае да трае со саати,но некогаш и попуштам во зависност за што почнал конфликтот.Али често гледам и да избегнам конфликти,не сакам негативна енергија.Кај пријатели највеќе ме разочарува лажењето…Мразам лажење…каква и да е ситуацијата подобро кажи, што викаат стари,пола ќе ти се прости.

 

 

Дали се дружите и приватно со некој од нашата естрада? Дали има вистинско пријателство, некој кој искрено ќе ви даде совет и критика?

-Се знам со повеќето,но не се дружиме,имаме различни животи, различни друштва.
Постои вистинско пријателство…имам пријателка што се знаеме од многу мали,до ден денес сме многу блиски,имало периоди кога немало да се видиме со месеци,али секој пат кога ќе сме се виделе не ни менувало тоа ништо.Таа била со мене низ се што јас сум била,и во лоши и во добри моменти,и секогаш ми давала најискрени совети и критики за мое добро.И се вика Ивана хаха, ја обожавам,посебна е.

 

 

Имате убава, густа и бујна коса. Дали имате некоја посебна тајна како ја одржувате и постои ли некоја фризура која Вам лично ви се допаѓа, но немате храброст да ја направите?

-Ви благодарам..но на сликите косата не е моја хаха,но, имам густа коса да,имав и долга коса,многу долга, и се каам што ја скратив.Сега од голема желба за долга коса си порачав природна коса што се закачува на мојата и многу е практична,и ќе ја носам додека не ми порасне мојата.Одсекогаш сум сакала да експериментирам со мојата коса и сум имала секакви фризури,и скрозо сите бои.Моментално имам кратка коса до под раменици,и природна боја ,повеќе одлучив да не и правам ништо и да ја пуштам да порасне.

 

 

Младите девојки денеска користат премногу шминка и најчесто изгледаат постаро од годините што ги имаат. Постојано се бомбардирани по медиумите од силиконски убавици, кои им наметнуваат некои нови стандарди за убавина. Кој е вашиот став за ваквите нови трендови?

-Ова е многу долга тема..Јас секогаш стојам позади тоа, сакај се каков што си и луѓето ќе те прифатат таков.Но не осудувам и ако некој има голем проблем на своето лице и  сакаат да го поправат оти тоа им ја уништува самодовербата и се повлекуваат,се кријат од другите, океј е ако тоа што ги доведува до повлекување да го поправат,но се разбира во границите на нормалноста,и тоа да го направат за себе, не за некој друг.Сепак…тоа се и комплекси што може некој да им ги направи и да ги доведе до тоа,а може и несигурноста да ги натера сами да си направат комплекси и да се осеќаат не удобно во свое тело.Шминка е скроз океј,јас не користам често но сакам,и кога го правам тоа не ставам многу ,само да ја покријам мојата несовршена кожа на лицето,малку маскара,туш,црвенило на образите и подготвена сум за денот.

 

 

Колку е тешко да се освои срцето на Валери? Мислиш ли дека мажите потешко им приоѓаат на поуспешните жени?

-Хаха, мојот дечко не сакал да ми пише на инстаграм оти мислел дека јас сум била “дигната”,така што ете потешко им приоѓаат. Он лесно ме освои, не ми беа потребни никакви посебни вечери, подароци, или не знам што.. никогаш не сум сакала такви работи…Разговорот и хемијата ми беа доволни,и има многу убава насмевка и енергија едноставно после првиот состанок знаев што ќе биде понатаму.

 

 

Која е вашата добитна комбинација на пример за некоја вечерна забава?

 

-Добар филм,палачинки,и добро вино.

 

Кои се следните музички планови?

 

-Следно спремам нова песна која што ќе биде на српски јазик и ќе се вика ” Бебо”,овој период сме во подготовка на песната,истиот тим работиме позади неа…и тоа е тоа за сега што можам да откријам,другото нека биде изненадување.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button