Сакам да останам бремена од Милојко во „Парови“ и да му родам бебе – контроверзниот пар не престанува да ја шокира јавноста
Контроверзниот српски пар, Милијана Богдановиќ која има 21 години и нејзиниот партнер, 74-годишниот Милојко Божиќ влегоа во „Парови“, а како што самите велат, можеби ќе направат и бебе во шоуто.
„Мажите во Парови во главно се млади. Немаат бела коса и не носат очила. Тоа значи немаат шанси кај мене“, изјави Милијана која од секогаш сакала постари мажи. Таа додаде и дека нема проблем да има со својот партнер секс пред камерите доколку имаат потреба од тоа.
„Па секако дека ќе имаме секс, зошто да немаме? Би сакала да забременам и да родам бебе, дај боже. Ако не во парови, тогаш кога ќе излеземе. Навистина сакам да докажам дека ова меѓу Милојко и мене е вистинска работа, а не маркетиншки трик како што зборуваат сите. Ние се сакаме и тоа луѓето ќе го видат. Но едно е сигурно, Милојко нема да го изневерам во вилата, бидејќи навистина не влегувам заради тоа, туку за да си поминеме убаво“, изјави Милијана за медиумите. Таа додаде и дека за секс во шоуто не бараат пари, бидејќи веќе имаат свој хонорар, и тоа според неа е нормално бидејќи сите го прават тоа. „Не сме ни први, ни последни“ вели таа.
Инаку што се однесува до хонорарот, тие и двајцата неделно ќе заработуваат 1200 евра, што значи дека за три месеци во ова шоу, колку што планираат да останат, би можеле да заработат 14.400 евра. Парите планираат да ги потрошат за свадба која им е закажана за 7 септември, но и да ја средат куќата во селото и да купат нов автомобил….