Реклама
LIFESTYLEВирално

Сакал да убие носорог – го прегази слон, па го изеле лавови

Реклама

Откако еден слон уби ловџија во националниот парк Кругер во Јужна Африка неговотот тело беше распарчано од лавови, од кое остана само неговиот череп и панталони, објави СНН.

Отиде да лови носорози, го убија слонови

Маркетинг

Инцидентот се случи откако еден човек загина во понеделникот кога влезе во националниот парк заедно со уште тројца луѓе за да ловат носорог, соопштија од Националниот парк.

Според еден полициски извештај, слонот го нападнал ловџијата, а неговите колеги телото му го оставиле покрај патот за да го видат некои од случајните минувачи, а тие избегале.

Маркетинг

Пронајден само черепот и панталоните

Била извршена потрага по телоти во кое биле вклучени полицајци и ренџери. Во четвртокот наутро, пронајдени се остатоци од загинатиот.

„Според остатоците може да се заклучи дека човекот бил изеден од чопор лавови кои позади себе само оствиле череп и пантолони “, се наведува во соопштението од Националниот парк Кругер.

Директорот на паркот, Глен Филипс, изрази сочувство до семејството на убиените.

Влегувањето во Националниот парк е опасно

„Не е мудро да влезете во паркот илегално, бидејќи тоа е опасно, и овој инцидент е доказ за тоа. Многу е тажно што ќерката на починатиот, која жали по својот татко може само да ги преземе остатоците од коските и неговите пантолони “, рече Филипс.

Уапсени се колегите на убиениот

Трите лица кои биле вклучени во нелегален лов се уапсени во полицијата од Јужна Африка, а истрагата продолжува.

Африкански носорог цел за рогови кои се афродизијак

Африкански носорог е честа мета на ловџиите бидејќи, според источната медицина, неговите рогови имаат афродизијачки ефект.

Денес има околу 5000 црни носорози

Црниот носорог, чие население паднало од 65.000 во 1970 година на 2400 во 1995 година, е особено ранливо, според Националниот парк Кругер. Но, благодарение на човечките напори, населението се зголеми и се смета дека има околу 5.000 денес. Тие живеат во Јужноафриканската Република, Намибија, Кенија и Зимбабве.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button