Ова јадење може да се сервира како прилог, но печениот компир е доволно вкусен што може да се послужи и како главно јадење.
Печениот компир со сусам се подготвува брзо и лесно …
СОСТОЈKИ
1 кг компир, 150 г сусам, 2 лажички мелен пипер, 1 дл масло
125 гр. маргарин
НAЧИН НА ПОДГОТОВKА
Може да се сервира како прилог, но и како главно јадење …
1. Kомпирот треба да се излупи и да се пресече на два дела, или на четири дела, како сакате, па секој дел најпрво се валка во црвениот пипер, а потоа во сусамот. 2. Наредете ги компирите во тавче, легнати на пресечената страна. 3. Преку компирот нарендајте маргарин и ставете го во умерено загреана рерна да се испече. 4. Кога ќе омекне, извадете го од рерната и служете го со некоја салата или младо сирење.
Пријатен апетит!