Руски лекар предупредува за втор бран коронавирус: Кои се шансите да се појави во Кина и зошто?
Бидејќи не може да се контролира пренесувањето на вирусот, во Кина можат да се појават нови жариште на Ковид-19, смета рускиот експерт за кинеска медицина Машалах Мехтиев.
Експертот нагласи дека короната е „многу жилава“ инфекција и може долго да се зафржи на различни површини, што пак го зголемува ризикот од нови случаи на заболување.
– Во Кина на сила е најсовремениот систем за следење на граѓаните во текот на епидемијата: лични QR-кодови ја покажуваат локацијата на движење во последните две недели. На влезот во метрото стојат ласерски топловизири, рече тој.
Во јавните установи во Кина на посетителите им мерат температура, се бележи нивниот влез, се земаат лични податоци, во станбените згради можат да влезат само нивните сопственици, додава лекарот.
Според неговите зборови, Кинезите одговорно се однесуваат кон прописите кои овозможуваат да се запре ширењето на вирусот. Мехтијев забележал дека мерките кои Кина ги презема овозможуваат за кратко време да го одреди движењето на сите инфицирани и веднаш да се почне со лекување.
При тоа, експерт наведува дека проблем може да настане и во случај на мутација на новата корона.
– Новата епидемија е можна ако дојде до мутрација на вирусот. Тој може да стане сезонски и помалку сmртносен, смета експерт.
Претходно, беше соопштено дека по подолго време, во Вухан за последните два дена биле отркриени само шест нови случаи на инфекција со корона, додека уште 615 лица се наоѓаат под опсервација. Многумина во ова го гледаат почетокот на вториот бран на коронавирус во Кина.