Позната руската рок група „Землјане“ ја „присвои“ песната „Боже чувај ја од зло“ од Тоше Проески.
Нивната песна го носи насловот „Боже“ и истиот е промовиран на нивниот канал на YouТube уште на крајот на месец февруари оваа година.Под самата песна е наведен и тимот кој се претставува дека ја создал оваа песна.
„Боже чувај ја од зло” од оригиналниот Тоше Проески е еден од неговите најголеми хитови, а таа се најде на неговиот албум „Игри без граници” кој беше издаден во 2007 година. „Ова е песна на Тоше Проески. Вие ги прекршувате авторските права и со тоа докажавте дека не сте артисти, туку само крадци.“
„Авторите“ на ова дело се Владимир Трушин, односно автор на музиката, и Владимир Киселев кој е потпишан под текстот, кој всушност е само преведен и прилагоден на руски јазик.„Чист плагијат, за срамота, песната ја пее легендата, Тоше Проески!“– се дел од коментарите на видеото на бендот на Youtube.