Руската Викторија Бекам роди бебе на само 18 години, а денес ја викаат Инстаграм принцеза – но поради ОВА постојано ја критикуваат
Една од најпознатите руски убавици на социјалните мрежи е Марија Погребњак Шаталова, сопруга на фудбалерот Павел Погребњак.
Оваа русокоса убавица само на Инстаграм има речиси милион следбеници од целиот свет, благодарение на своите провокативни фотографии, како и оние од патувањата и од нејзиниот луксузен и раскошен живот, кои Марија секојдневно ги објавува на оваа позната социјална мрежа.
Таа на оваа социјална мрежа го промовира и својот бизнис – дизајн на облека, накит и обувки.
Инаку, Марија има 30 години и веќе има три сина – Артем, Павел помладиот и Алексеј од кои најстариот Артем неодамна го прослави својот 12 роденден. Покјрај сите деловни обврски, таа е многу посветена мајка и најсреќна е кога го минува своето слободно време со своите деца.
Тамошните медиуми ја нарекуваат руската Викторија Бекам, но и принцезата од Инстаграм, титули кои навистина ги заслужува.
Парот се запозна уште во средно училиште, а почнаа да се забавуваат штом убавата русокоса го заврши истото. Нивниот складен однос трае до денес, а за нивната љубов пишувале бројни светски медиуми.
Тие живеат во Велика Британија, а беа дел и од телевизиското шоу „Запознајте ги Русите“ кое ги прикажуваше богатите Руси како живеат во Лондон и околината. Продуцентите на емисијата ги преставија Погребњакови како вистинско семејство, а фудбалерот како совршен сопруг.
„Тој е мажот од соништата. Подготвен е да оди со својата сопруга секаде – на црвениот килим, во ексклузивни клубови, на скапи летувалишта. Сепак, радо го минува времето дома со децата. Често доаѓа и нивните родители како би им помогнале околу одгледувањето и чувањето на децата“.
Само да потсетиме, оваа убава дама во Русија често е на удар на критиката поради огромниот број естетски зафати што ги имала на лицето, како и премалиот број на килограми – таа во една пригода јавно призна дека има само 45 килограми, а висока е 170 сантиметри.
Но очигледно дека негативните коментари не ја загрижуваат премногу, а од нејзините фотографии можеме да видиме дека ужива со полни гради во својот луксузен живот.