Реклама
Вирално

Русија испрати голема помош за Италија, Захарова децидна: Не бараме ништо за возврат

Реклама

Русија упати помош во Италија за борба против коронавирусот надвор од политичкиот контекст, изјави на редовниот брифинг портпаролката на министерството за надворешни работи Марија Захарова.

Извештаите на некои странски медиуми за несебичната помош на Русија за Италија во борбата против коронавирусот и геополитичките мотиви на овој чекор на Русија настанаа поради завист кон државата, за која се потврди дека може да помогне во најважниот момент.

– Ова е закоравена завист, земјата која со Италија не е обединета во никаков блок или сојуз, да развива пријателски односи со неа, без оглед на се́ и е подготвена да и пружи рака во еден од најдраматичнитемоменти на современата италијанска историја надвор од политичкиот контекст, надвор од политичката ситуација, надвор од некои сопствени погледи на тоа како се развиваат меѓународните односи на европскиот контимент – рече Захарова.

Маркетинг

– Сите тие приказни дека постои некоја закана на Русија, некоја руска агресивна политика – тоа е мит. Еве сега на примерот и хуманитарната помош која Русија и ја пружа на Италија и на примерот на хуманитарната помош која Куба и Кина ја пружаат на различни земји, се гледа дека всушност тоа е информативна агресија, објасни Захарова.

Таа истакна дека Русија и пружи помош на земјата „гледајќи ги страдањата на Италијаните, гледајќи ја несреќата која ја зави цела Италија и сфаќајќи дека, за жал, едвај некој на овој свет бил подготвен да пружи помош во моментот кога на Италија толку многу и беше потребна“.

Маркетинг

Русија во Италија испрати големо количество помош, а руската администрација наведе дека за таа помош не бара ништо за возврат, па ни укинување на санкициите кои ги воведоа земјите на Европската Унија.

Во Италија од почетокот на пандемијата забележани се над 86.000 лица заразени со коронавирус, од кои над 9.000 ја загубија битката со животот.

Во средата италијанскиот весник „Стампа“ објави статија која се повикува на неименувани извори, а во која се тврди дека 80 отсто од руските испораки во Италија за борба против епидемијата на Ковид – 19 „се потполно бескорисни и малку корисни“ за земјата. Авторот, дури претпоставува дека спогодбата меѓу италијанскиот премиер Џузепе Конте и претседателот на Русија Владимир Путин има геополитичка конотација.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button