Роки од Шутка растури во шоуто „Никогаш не е доцна“ – МАКЕДОНСКИОТ Шабан Шаулиќ оди во финалето!
На Роки од Шутка му се оствари сонот
Роки Руфат Селимовски има 60 години и постојано го споредуваат со легендарниот Шабан Шаулиќ.
Tој пред три години се пријави во популарното музичко шоу „Никогаш не е дозна“, а неговите соништа се остварија дури пред неколку недели, кога настапи на големата Гранд сцена и тоа за влез во самото полуфинале.
Македонскиот Шабан има 60 години и во Белград пристигна од Скопје, а како што самиот вели, воопшто не е лесно сега да се помине границата заради ситуацијата со вирусот корона.
Тој во полуфиналето се прослави со „Ќе свене нарцисот бел“, и уште еднаш покажа дека не се откажува од својот жанр на кој му беше доследен од почетокот до крај. А како што вели претседателот Маре, и на оркестарот му е убаво кога тој пее, тоа им е посебно задоволство.
„Не знам што да додадам, топла насмевка и севдах во душата“, му кажа Ивана по генијалниот настап од кој беа воодушевени сите. Од неговата изведба беше презадоволен и пејачот Ацо Пејовиќ кој го обожава Шабан.
Роки заплака пред камерите
Инаку, Руфат Селим кој пријателите го викаат Роки, не е само голем обожавател на Шабан Шаулиќ, туку тој беше и добар пријател со него. Кога минатата година пред екипата на Гранд се присети на легендарниот пејач, не можеше да ги сокрие емоциите и заплака пред камерите.
„Пеев во една кафеана во Франкфурт и Шабан дојде да ме слушне. Тогаш прв пат го видов во живо и имав огромна трема пред него“, се присети Роки тогаш и додаде дека со тек на време станале и добри пријатели.
„Многу работи поминавме заедно и тешко ми е заради тоа што повеќе го нема“, изјави тој, па во еден момент не можеше да ги совлада емоциите, па екипата мораше да направи пауза со неговото интервју.
Прекарот Роки го носи од детство
Руфат Селим има 60 години и живее во Македонија. Прекарот Роки го добил во детство затоа што трчал брзо и секогаш победувал во школските трки. Потекнува од сиромашно семејство со шест деца и немал можност музички да се школува, а завршил само осмо одделение.
Со пеење почна да се занимава на 14 години кога почнал да пее по кафеани. Едно време бил азилант во странство, а потекнува од најголемата ромска населба на светот, Шуто Оризари.
Има сопруга, три ќерки и еден син.