Родителите се откажаа од својата ќерка кога дознаа дека е лезбејка
Родители од Америка се откажале од својата 19 годишна ќерка откако дознале дека е лезбејка.
Студентката по економија, Емили Шек, се најде во тешка ситуација кога нејзините родители дознаа дека преферира девојки. Тие беа толку вознемирени што и поставиле ултиматум – мора да се испише од факултетот и да оди на „конзервативни терапии“ или повеќе нема да ја издржуваат.
Емили одби да се испише од факултетот и се најде во ситуација да нема дом и пари, а како што пишува Метро, нејзиниот татко дури ги тргнал и регистарските таблички од нејзиниот автомобил кога тој и неговата сопруга ги дознале сексуалните афинитети на својата ќерка.
Потоа тој се појавил на нејзиниот факултет „Canisius“ во Бафало, каде таа студира со помош на парцијална спортска стипендија, и ги однел сите нејзини лични работи вклучувајќи ја и нејзината облека, фотографии, па дури и нејзиниот извод од книгата на родените.
Емили за Buffalo News откри дека добила порака од нејзината мајка во која пишува дека со неа е готово. „Отсега можеш да се прогласиш за независна. Препуштена си самата на себе. Те молам, не контактирај не ни нас ни нашите роднини… Ми се гади од тебе“ пишувало во пораката.
Official statement on Emily Scheck eligibility and crowdfunding. pic.twitter.com/nQP3gLAKBg
— Canisius College Athletics (@GoGriffs) November 16, 2018
Една од пријателките на Емили, Грејс Хаусладен, одлучи да ја започне кампањата „GoFundMe“ со која би и помогнала. Иако целта беше да се соберат само пет илјади долари, како би можела да си го среди животот, досега се донирани преку 100 илјади долари.
Емили на почетокот била убедена дека поради револтот на родителите нема повеќе да ја добива стипендијата, но од универзитетот и излегле во пресрет. Тие и порачале дела ќе и помогнат на секој можен начин.
Во очајниот обид да ја разубедат ќерката во она што е, родителите на Емили овозможија да добие поддршка и љубов што и треба, но не од нив туку од потполно непознати луѓе на кои не им се гади од неа.