Реклама
LIFESTYLEВирално

Родителите го оставиле бебето покрај контејнер – сакале дете, но кога се родило таткото го погледнал и веднаш го однел од дома

Реклама

Причината е бедна

Според кинескиот закон, за кривичното дело напуштање на дете може да се добие казна до пет години затвор

Во Донгуан, во кинеската провинција Гвангдонг, таткото ја оставил својата ќерка во нечистотија покрај корпата за ѓубре, само неколку часа откако неговата сопруга и мајка на бебето се породила.

Маркетинг

За среќа, бебето го видел чистач на улица и веднаш ја известил полицијата, па затоа детето било згрижено, а родителите биле уапсени. Мајката Ли (21) се породила рано наутро на 29 јули во изнајмен стан. Според сопствените тврдења, родителите биле разочарани кога виделе дека по трет пат добиле девојче. Таткото Џанг (24) и рекол на полицијата дека „неговиот сон да има син пропаднал“, пренесе телевизијата Донгуан.

Родителите изјавиле дека решиле да го напуштат девојчето „затоа што не можат да издржуваат три деца“.

Маркетинг

Штом мајката се породила, таткото го земал детето и го оставил покрај контејнерот во близина на станот во кој се родило. Снимките од надзорните камери го прикажуваат таткото како шета по улицата во темнината со бебето во рацете, а на втората снимка се гледа детето завиткано во крпи, кое потоа беше однесено во болница. Следниот ден, бебето беше пуштено од болницата и беше предадено на локалната социјална служба.

 

Според кинескиот закон, за кривичното дело напуштање на дете се казнува до пет години затвор, но родителите ретко навистина се казнуваат. Според најновите податоци, родителите во Кина напуштаат околу 100.000 бебиња годишно, што во просек е повеќе од 270 деца на ден, пренесува „Дејли мејл“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button