Реклама
MAMAБебиња

Родени лидери со златно срце: Зошто мартовските бебиња се посебни?

Реклама

Третиот месец во годината е период кога со нетрпение ја очекуваме пролетта. Без разлика дали променливото време влијате на карактерите на децата, мораме да признаеме дека мартовските бебиња навистина се истакнуваат во однос на другите.

Дали вашето бебе е родено во март? Без дилеми, пред себе имате едно навистина добро живо суштество. Оние кои дошле на овој свет во март се поврзуваат со нарцисот – цвеќе кое е симбол на надежта.

Маркетинг

1. Голема интуитивност

Мудроста е особина која секој родител посакува да ја поседува неговото дете. Мартовските деца несомнено ја имаат, па навистина е тешко да ги прелажете на било кој начин. Со помош на нивната интуиција многу лесно може да почувствуваат лоша енергија.

Маркетинг

2. Родени лидери

Знаеме дека сакате вашето дете да успее во животот. Со децата родени во март нема простор за загриженост. Можеби помага фактот што тие се меѓу најстарите во одделението, а можеби едноставно се такви родени – да бидат лидери.

3. Имаат златно срце

Да, тие имат капацитет да пораснат во многу пријатни и симпатични личности, баш какви што му се потребни на светот денес. Нивната добрина и големото срце кое го имаат ги прави посебни.
Ретко ќе препознаете себичност кај нив. Дури и ако дојде до такво однесување, тоа е само кратка фаза пред да научат дека нема подобра животна одлука од тоа на некому да му помогнеш.

4. Зрачат со оптимизам

Бебињата родени во март се деца на сонцето и имаат позитивен став за животот. Сите сакаат да бидат во друштво на оптимистични и насмеани луѓе, а токму вашето дете ќе шири добра енергија.

5. Големи креативци

Талентирани се и имаат уметнички погледи кон светот. Многу лесно се врзуваат за музика, танц, за било каква уметност и кеативна работа.

6. Ги очекува успешна кариера

Не само што имаат добри лидерски способности, туку ќе имаат и навистина завидни кариери без разлика кој професионален пат и да го одберат. Бебињата родени во март еден ден можат да станат успешни музичари или менаџери.

7. Многу се посветени

Кога длабоко ќе се посветат некому, остануваат искрени и никогаш не се откажуваат од пријателствата. Негативните и луѓето на кои не можат да им се доверат, ги избегнуваат уште на почеток. Точно знаат со какви личности сакаат да другаруваат.

8. Ја сакаат осаменоста

Ако забележите дека вашето дете си игра само и често им се препушта на фантазиите, тоа е знак дека ужива во мирот и тишината. Децата роден во март максимално ѝ се препуштаат на креативноста, далеку од вревата. Секогаш имаат омилено катче во домот кое сметаат дека треба да биде достапно само за нив.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button