Родена како маж, а изгледа како жена – се појави во „Ѕвездите на Гранд“ и ВООДУШЕВИ, но Шерифовиќ не сакаше да ја земе во тимот?!
На сцената во „Ѕвездите на Гранд“ настапи трансродна личност, Алина Јухарт (29) од Словенија.
По настапот таа доби шест гласа, а со тоа и можност да го избере менторот, така што се одлучи за Марија Шерифовиќ…
Алина е родена како Алино Јухарт, во Марибор, а во популарното шоу се појави за да си ја проба својата среќа.
Таа со својот вокал, но и специфичен изглед им го привлече вниманието на сите, а пред членовите на жирито и публиката се претстави со песните „Паметна и луда“ од Марија Шерифовиќ и „Те лажат“ од „Амадеус бенд“.
По настапот таа доби шест гласа, а со тоа и можност да го избере менторот, така што се одлучи за Марија Шерифовиќ.
Но популарната пејачка ги „шокираше“ сите кога ја одби, а како образложение наведе дека е некој што со своите кандидати работи брзо, грубо и нервозно, сметајќи дека за неа треба некој што е нежен.
Алина тогаш доби прилика повторно да избира, по што ја избра Цеца Ражнатовиќ кој со радост ја прифати во својот тим.
„Бидејќи таа не знае да ги негува тие нежни чувства во менторството, јас знам и во менторството и во приватниот живот“, порача Цеца.
Инаку, Алина која по потекло е од Словенија, од февруари живее во Белград, и како што самата изјави во шоуто, дошла бидејќи смета дека Србија, но и целиот регион мора да запознае жена како неа.
„Јас сум само една нормална личност која има желба да сака, да биде сакана и да биде среќна како и сите ние. Сакам да инспирирам секого да го живее својот живот и својата животна вистина. И ве обожавам сите вас, не можам да поверувам дека сум тука“, истакна Алина и доби громогласен аплауз.
Таа потоа во интервју пред камерите зборуваше отворено за тоа како се чувствува кога прв пат облекла фустан. Како што самата вели, тоа го направила пред неколку години, кога била во Сплит, и кога прв пат собрала сила пред луѓето да се појави во фустан. За себе вели дека е една потполно нормална жена, како и сите останати, која само сака да се гушка и да шири љубов, но и дека нејзина мисија и е на сите да им предочи дека и трансродните лица се нормални луѓе, кои имаат свои емоции и чувства и воопшто не се разликуваат од останатите.
Како таа изгледаше во „Ѕвездите на Гранд“, но и во приватниот живот, погледнете во продолжение:
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт
Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт
Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт
Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт
Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт
Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт
Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт
Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт
Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт
Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт