Родена е во Австралија, а се врати да живее на село во Македонија – ПОГЛЕДНЕТЕ каква убавица е сопругата на Јордан Митев
Австралиски зет за Македонка
Пејачот Јордан Митев ужива во љубовта со својата сопруга Македонка родена во далечната Австралија
Нашиот познат фолкер Јордан Митев пред три години реши да стави крај на ергенскиот живот и се заколна на вечна љубов.
Откако ја запроси Славица Митревска, Македонка родена во Австралија, тие решија да се вратат во Македонија каде живеат и денес. Пред да запловат во брачните води биле година и пол во врска, а како изгледаше невестата на нејзиниот најубав ден во животот погледнете во продолжение. Тие направија свадба во Македонија во 2017, со сите адети.
На почетокот нивната љубов беше на релација Австралија-Македонија, но пејачот ќе успее да ја убеди саканата да се вратат во Македонија, па сега живеат во неговото родно село Подареш, во близина на Радовиш.
„Мојата избраничка е Македонка, родена во Австралија. Промените во животот се нормални и добро е да се случуваат, тоа значи дека човек живее и дека оди напред во животот. Секако дека наоѓам време за се . Сега за сега, фала му на Бога , добро течат работите, а се надевам дека така и ќе остане.
Фото; Фејсбук
Фото; Фејсбук
Кога објавив дека мојата избраничка е од Австралија, често ми го поставуваа прашањето дали сега ќе заминам таму. Тоа е разбирливо, бидејќи знаеме каков е животот во Австралија, земја која спаѓа меѓу оние со највисок стандард во светот. Но, знаете како, не е се само во стандардот. Животот не е само во тоа колкава плата земаш, каква кола возиш…“
Фото; Фејсбук
Фото; Фејсбук
Фото; Фејсбук
Фото; Фејсбук
Фото; Фејсбук
„Животот и среќата се многу многу повеќе од материјалното! И јас, како и повеќето во Македонија, сум бил често пати разочаран од многу работи овде. Но, на крајот од краишатата, ова е моја земја, овде е се што имам . Јас ја сакам мојата татковина со сите недостатоци бидејќи овде е мојот корен, стебло и гранки. Можеби така размислувам бидејќи не сум научен на некојси раскош и луксуз.
Фото; Фејсбук
Фото; Фејсбук
Фото; Фејсбук
Фото; Фејсбук
Пораснав во многу многу скромни услови, знам што значи да си некаде на дното и затоа сега со се што имам сум среќен и задоволен. Меѓу другото , мојата кариера се движи по добар пат и се надевам дека така ќе остане уште многу години. Затоа , јас со мојата сопруга останувам овде. За среќа , таа има разбирање и се надевам така ќе остане, вели пејачот во едно негово интервју за македонскиот портал „Радар“.
Тој и неговата сопруга деновите кога беа карантинските мерки ги поминуваа во неговото родно село Подареш, кое се наоѓа во близина на Радовиш, каде што како што вели самиот, подобра изолација не би можел да има.
„Овде е мирно, заедно сум со семејството, планината е блиску, нема гужва и галама така што тоа е мојот карантин“, изјави неодамна Јордан во интервју за порталот „ММС“. Тој меѓу другото додаде и дека ситуацијата ја користи за да се одмори, да размисли што понатаму, но и да помине едно корисно и драгоцено време со фамилијата бидејќи во нормална ситуација постојано брзаме некаде.
Извор: Радар.мк, ММС.мк, Гламур