Таа ќе ја краси насловната страна на познатиот магазин „Essence“ во јануарскиот број
Халима Аден има 22 години и е една од најпознатите манекенки со муслиманско потекло.
Таа се фотографираше за популарниот магазин „Essence“ и со тоа ќе стане првата црна жена која со хиџаб се појавила на насловната страна на познатиот магазин.
Таа и кога е на плажа носи хиџаб, а беше и првиот модел кој за „Sports Illustrated“ се фотографираше со хиџаб и бурка
По потекло е од Кенија, а родена е во камп за бегалци од Сомалија. Има потпишано договор со агенцијата IMG, а последните неколку години направи неколку историски чекори. Во 2016 живееше во САД и ќе биде запаметена како прв натпреварувачка за Мис Минесота која се појавија со хиџаб и бурка, пишува Хафингтон Пост.
По ова нејзината кариера тргна по угорна линија, па наскоро стана препознатлива како прв жена која се најде на насловните страни на „Allure“ и „Vog“ со хиџаб.
„Се сеќавам кога имав 6 години и кога бев во кампот за бегалци. Сега сум возрасна, го живеам американскиот сон. А во Кенија се вратив за да снимам насловна фотографија за Sports Illustrated во костим за капење, Мислам дека таква приказна не може ни да се измисли“, изјави Халима тогаш.
„Важно ми е да ме забележат и да направам се’ што можам за на девојките да им дадам до знаење дека не мора да го менуваат својот идентитет за да бидат успешни“ вели таа,