Реклама
Холивуд

Ријана со провокативни фотографии ја претстави својата колекција, но најмногу нé воодушеви со моделите за полни девојки

Реклама

Ријана деновиве работи под полна пареа.

Само една недела откако ја најави големата колекција со коректори за лице во околу 50 различни нијанси во склоп на нејзиниот бренд „Fenty Beauty“ таа исто така ја претстави и својата нова секси линија за долна облека

Маркетинг

Колекцијата „Valentine’s day“ ја претстави на својот Инстаграм со две фотографии на кои позира во провокативен розов комплет со стратешки сместени детали во форма на срце, што е надополнета и со голема кадифени црвени ракавици и драматично венче за коса со пердуви.

Маркетинг

Со провокативните фотографии пејачката ги запали социјалните мрежи и многумина се согласија дека ова е една од нејзината најсекси колекција со долна облека и дека пејачката изгледа подобро од кога било досега.

https://www.instagram.com/p/BsTQw7ahYCn/?utm_source=ig_embed

 

За пофалба е и тоа што Ријана во новата колекција продолжи да ја прославува разновидноста, па моделите ги адаптираше на жени со различни форми и големини, а такви се и моделите ангажирани во кампања која се презентираше во официјалниот Инстаграм профил на бренд Savage x Fenty. Освен долна облека, колекцијата исто така вклучува и некои специјални модни додатоци, како што е на пример црвениот камшик, а и веќе е пуштена на продажба па така до Денот на вљубените можете и вие да најдете нешто за себе.

https://www.instagram.com/p/BsbOxcalohD/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/BsowuvGll4-/

https://www.instagram.com/p/Bsqd-JTFvSX/

https://www.instagram.com/p/BsmRLwnFXcD/

https://www.instagram.com/p/Bsg8IqbFIFL/

https://www.instagram.com/p/Bsd1rAyFvfu/

 

 

 

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button