Реклама
CelebrityНовости

Ритуалите на Лозано: Што прави популарниот пејач секоја вечер пред спиење?

Реклама

Утринските навики се важни, но ритуалите пред спиење сериозно влијаат на сопствениот успех. Многу истражувања покажале дека последното нешто што го правиме пред спиење важно се одразува на расположението и на енергијата со кои го започнуваме наредниот ден.

Пред неколку години, славни Македонци за „Дневник“ се согласија да раскажат на кој начин се спушта завесaта во нивните спални соби, а меѓу нив беше и поп-ѕвездата Влатко Лозаноски- Лозано. Тој нагласи дека не е од оние типови кои често размислуваат длабоко во ноќта.

– Знам да се подзамислам за работите што ми се случувале низ годините, да се оптоварам со тоа што ме очекува во иднина, да барам одговори од типот каде сум згрешил, што сум можел да направам поинаку. Сепак, тоа се случува еднаш во месецот, дури и поретко. Секогаш постои интернетот да ти го одвлече вниманието од црните сценарија кои ти доаѓаат во ситните саати – објасни пејачот.

Маркетинг

Во истата прилика Лозано нагласи дека особено внимава на личната хигиена пред да замине во кревет. Пред спиење се опушта со филм, а често заспива и со некој фудбалски натпревар. Сепак, тогаш призна дека постои една работа што особено го радува доцна во ноќта.

Маркетинг

– Сакам да водам љубooв пред спиење. Сепак, тоа секогаш се случува спонтано и немаме одредено термини со девојка ми – се пошегува тој.

Но, во меѓувреме ја раскина свршувачката со манекенката Савка Грачанин. Минатата година гостувајќи во емисијата „Живот со стил“ која се емитува на телевизија 24 водителката Елена Стефановска го испровоцира да зборува за љубовниот живот, особено по натписите во повеќе портали дека неверството е причина за нивното разидување.
Популарниот вокалист призна дека простил неверство, но не прецизира дали во прашање е неговата сега веќе поранешна вереница или некоја друга девојка.

Лозано во моментов е фокусиран на претстојната голема турнеја во Канада и во Америка која почнува на 13 март. Нашите иселеници со нетрпение чекаат да го слушнат во живо еден од најквалитетните интерпретатори на македонската популарна сцена кој минатиот месец повторно беше прогласен за пејач на годината на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста.

И покрај сѐ поголемата популарност која ја ужива, сѐ уште е умерен во излагањата и имун на лошиот збор, иако изминативе години му се случуваа и непријатни работи, приватно и професионално.

– Имаше многу убави работи, но и нешта за кои можеби сега поинаку би ги одиграл. „Евровизија“ е еден од позначајните настани на кои би се сеќавал долго време. Еден друг аспект е тоа што приватниот живот трпи поради кариерата и можеби во тој дел нешто би сменил. Но, секое време си носи свое и затоа не сакам да се каам поради ништо што досега било – објасни популарниот пејач пред две години за магазинот „Стори“.

Парите никогаш не му биле пресудни во градењето на музичката кариера, иако сѐ што заработил досега било од неговиот глас, од неговата дарба за пеење и за музицирање.

– Сѐ што заработив е од музиката. Првите настапи ги имав како дете. Паметам кога свирев на мојата хармоника на Водици во Кичево. Сѐ уште го работам тоа што уште од мал сум го посакувал – призна Влатко во истото интервју.

Поврзано

Back to top button