Рита Ора седеше до Новак Ѓоковиќ на фудбалскиот стадион „Стад де Франс“ во Париз, со цел да го проследат финалето на Светското првенство во рагби. Голем број познати личности беа забележани во публиката на натпреварот меѓу репрезентациите на Нов Зеланд и Јужна Африка. Ора го следеше спортот во друштво на сопругот Таика Ваитити, кој е голем фан.
Но сепак, најповеќе вниманието го привлекоа тенисерот и пејачката кои беа уловени како од душа се смеат за нешто. Фоторепортерите успеаа да ги забележат моментите кога пејачката со косовско потекло и српскиот тенисер разговараат и се смеат за време на натпреварот.
Ова привлече големо внимание во јавноста, при што Рита доби јавен линч од публиката во Косово. Имајќи ги предвид затегнатите односи меѓу Албанија/Косово и Србија, Ора наиде на критики во албанските медиуми поради пријателскиот однос со српскиот ас.
На видеото погледнете како изгледаше овој момент:
Ова не е првпат Рита Ора да биде во фокусот на вниманието поради Србија,
Се сеќавате дека за веме на нејзиниот неодамнешен настап во Унгарија, таа се покри себеси со зеде српско знаме кое го позајми од публиката?!
Поради оваа постапка, таа мораше да се оправда дека го помешала со унгарското.
„Синоќа настапив на СЗИН фестивалот во Угарија, каде што добив знаме од еден млад обожавател. Поради светлата, кои беа директно упатени кон мене, не можев да видам за кое знаме станува збор. Штом се симнав од сцената, сфатив дека не е српското знаме, а не унгарското“, објасни тогаш таа.