Рибите – дарежливи луѓе кои помагаат секаде каде што можат
Рибите се последниот хороскопски знак во зодијакот, значи дека станува збор за комбинација од сите претходни 11 знаци.

Затоа константно се борат со менување на расположението и мислите. Тие се одлични пријатели, полни со разбирање, а благодарение на нивните одлични артистички таленти се интересни љубовни партнери, кои секогаш ќе имаат што да ви кажат.
Рибите не ги интересираат материјални работи и немаат тенденција да „трчаат“ по пари. Не дека тие имаат нешто против богатството, но едноставно се свесни дека тоа е променлива состојба.
Еве неколку факти за луѓето родени во овој знак:
Рибите се компатибилни со луѓето родени во знаците Бик, Рак, Јарец и Риби.
Advertisement
Изгледаат наивно и срамежливо, но тие имаат луда страна и воопшто не се срамежливи пред оние кои добро ги познаваат.
Ги анализираат сите работи по 100 пати. Не се сигурни за многу нешта и најчесто се фаќаат дури и за најмалите нешта.
Секогаш одбираат љубов, наместо омраза.
Често точно знаат што е добро, а што е лошо за нив, но некако одбираат да го следат лошото.