Рибите многу лесно се отвораат кон љубовта, но таа мора да биде романтична и нежна.
Меѓутоа, спремни се да доживеат и голема страст која понекогаш се претвора во екстаза. На Рибите љубовта им е неопходна сила, затоа што чувствата им доаѓаат од длабочините на душата. За својот партнер рибата секогаш е спремна да се жртвува.
Жената риба е мистична моќна изразито сензуална и еротизирана. Ретко кој може да и одолее. Нејзината природа ја води во доста врски, а верноста им е речиси непознат збор во речникот. Таа е најсреќна кога е вљубена. Вие сте романтичар кој што во целост верува во постоењето на сродните души.
Кога ќе го најдете совршеното момче, ќе бидете подготвени да направите се’ за него, но понекогаш грешите затоа што неговите потреби ги ставате пред сопствените.Идеално момче за вас е некое што ќе ги рабере вашите емоции. Ако не е на иста бранова должина како вас, вие емотивно се затворате и врската тоне во неразбирање и незадоволство.