MAMAРецепти

Рецепт: Посни шарени колачи

Advertisement

Време е за посни и вкусни колачи!

Advertisement

Потребни состојки за нивна подготовка:

  • 300 грама брашно
  • маргарин
  • малку вода
  • 120 грама шеќер во прав
  • кора од лимон или портокал
  • 1 ванилин шеќер
  • 1/2 прашок за пециво
  • 1 лажица какао

Начин на подготовка: 

Стопете го маргаринот, додајте го шеќерот, кората од лимон или портокал, ванилиниот шеќер, брашното, пецивото и водата, па замесете меко тесто и поделете го на два дела. Во првата половина додајте една лажица какао, па добро изедначете го. Темното тесто развлечете го на масата, па со мала чаша направете кругови од него. Истото направете го и со светлото. Редете ги круговите едни по други, наизменично, па полека свиткајте ги во ролат и поделете го на половина. Горниот дел развлечете го и направете го како мали цветови, па печете во рерна на 200 степени околу 30 минути. Се служат топли, но одлични се и кога ќе се оладат!

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button