Рецепт за проја со сирење и гурмански сармички што мора да ги пробате
Мека како памук, повкусна од бисквити
Пројата е секогаш добар избор, а овој рецепт од куната на баба навистина е нешто што вреди да се запише.
Инаку, за оваа вкусна проја со сирење по рецептот на баба ќе ви треба околу еден час, а ќе ги изненадите сите.
Веруваме дека ова е рецептот што одамна сте го барале. Еве се што ви е потребно и како да ја направите.
Состојки:
3 јајца, 50 грама бело брашно, 50 грама гриз, 150 грама брашно од пченка, 3 јајца, 100 мл кисела вода, 200 милилитри јогурт, 200 грама сирење
Покрај овие состојки потребна ви е сол и прашок за печиво (едно пакување), како и 70 мл масло.
Подготовка:
Најпрво треба да ги изматете јајцата со жица за матење, па додадете го брашното со прашок за печиво, гриз, пченкарно брашно, јогурт, кисела вода и сирењето кое претходно ќе го издробите. Додадете сол и добро изедначете.
Потребна ви е кружна тава од 22 сантиметри која ќе ја одбележите со хартија за печење. Смесата ставете ја во тавата и израмните.
Треба да се пече во рерна на 210 степени околу 50-60 минути.
Покријте малку со крпа…
Како да го направите овој вкусен рецепт погледнете од видеото дадено во прилог на овој текст.
Вкусна, гурманска сармичка за почетници
Во продолжение прочитајте уште еден рецепт од кујната на оваа баба за нешто што совршено оди со проја.
А тоа секако се сармички.
Потребни состојки:
700 грама мелено месо (најдобро е половина да е говедско, а половина свинско месо), 150 грама ориз, 100 грама сува сланина, 400 грама суви ребра, 25 листа кисела зелка, 1 главица кромид, сув зачин, лаворов лист, маст, сол, бибер, лут мелен пипер, благ црвен пипер, 4 чешниња бел лук.
Подготовка
Сланината исечете ја на ситни парчиња и пропржете ја малку на маст (или масло), па додадете исечен кромид и мелено месо.
Пржите неколку минути па додадете ги зачините како и солта, биберот, мелената пиперка, лукот исечен на ситни парчиња и оризот кој треба да биде добро исчистен и измиен. Потоа промешајте убаво.
На лист од сарма ставете лажица, две од смесата па свиткајте ги рабовите и замотајте ги сармите. Редете ги исправено во лонец, а во средината наредете суви ребра.
Посолете со лута мелена пиперка, расфрлете го лаворовиот лист, додадете по некое зрно бибер, покријте со листови зелка па посипете со вода и варете околу 2.5 часа на тивок оган. Повремено додавајте по малку вода.
Погледнете го чекор по чекор упатството за подоготовка: