Реклама
Рецепти

Рецепт за домашна Нутела кој мора да го имате во вашиот репертоар

Реклама

Ако се уште не сте пробале домашна верзија на чоколаден крем, вистинско време е да го направите тоа.

Додека ги чекаме празниците кои се одличен изговор малку повеќе да се опуштиме и да поуживаме во бонбони и гозби, можеби е време да пробаме и некои нови рецепти. Чоколадните кремови, како што е на пример омилениот Нутела, не само што е вкусен и кога го јадеме само со лажичка туку ни е омилен додаток и за палачинки и бројни колачи. Но, дали знаевте дека многу лесно можете да направите и вкусна домашна верзија на Нутела и тоа многу лесно? Еве како …

Маркетинг

Потребни состојки:

200 мл вода
300 гр шеќер
2 ванила шеќери
1 лажичка екстракт од ванила
200 гр кокосово масло
200 гр млеко во прав
100 гр лешници
2-3 чаши какао во прав

Подготовка

За почеток, загрејте ја рерната на 150 степени и запечете ги лешниците едно 10-на минути. Лешниците потоа треба да се излупат и измелат и да се мешаат со миксер додека смесата не стане изедначена. Ставете вода, шеќер, ванилин шеќер и екстракт од ванила во сад, ставете го на оган и измешајте се додека не се стопи. Кога ќе се излади малку, додадете ја смесата од лешниците и добро промешајте.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/BZRzYoxhD4G/?utm_source=ig_embed

 

Потоа додадете млеко во прав и кокосово масло (можете да го замените маслото од кокос со било кој друг вид маст – на пример, путерот исто ќе функционира) и смесата добро промешајте ја. Одделете половина од смесата и ставете го какаото во неа и добро мешајте повторно.

https://www.instagram.com/p/BhhF8j8HHI2/?utm_source=ig_embed

Додека смесата е топла и течна, во исто време истурете ги двете смеси во теглата, секоја од своја страна, и ставете во фрижидерот за ладење.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button