Реклама
Вирално

Рекламата за новите кармини на Гучи ги шокираше сите

Реклама

Новата кампања на Гучи за нивните кармини привлече големо внимание на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/ Гучи

Во кампањата за линијата составена од 58 нови нијанси се појавува Дани Милер, пејачката на панк бендот „Surfbort“ и моделот Меј Лапрес. Штом се појавија првите фотографии од кампањата на Инстаграм, започна и жолчната дискусија за нив. Додека едни се воодушевени и го поддржуваат уважувањето на различностите од страна на брендот, другите сметаат дека кампањата е грда и претерана.

„Ова дефинитивно нема никого да мотивира да го купи карминот”, „Мислам дека подобро е да ги даде парите за забар отколку за овој кармин“, „Не ми се допаѓа ова”, „Може ли некој да ми објасни што е ова?”, „Промовирање на лоша хигиена и лошите здравствени навики, ваквите заби не се само естетски проблем, туку и медицински”, „Жал ми е, Гучи, но вие си го уништивте името“, „Се преплашив“, се побунија револтираните обожаватели на кои не им се допаднаа фотографиите. Но имаше и такви кои беа воодушевени.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Гучи

„Ова е генијално. Конечно гледам реклама за кармин во која нема некој што го има вештачката бела холивудска насмевка. Конечно уважување на нешто нормално“, „Убавината е убавина без филтри“, „Немаат сите совршени заби и тажно е да видите дека нечија несовршеност ги навредува другите”, „Чекајте, сакате да кажете дека не смее да носи кармин затоа што не ви се допаѓаат нејзините заби. Глупи сте!“, ја бранеа кампањата оние на кои им се допадна потегот на Гучи.

Фото: Инстаграм/ Гучи
Фото: Инстаграм/ Гучи

Шминката е нешто поетично и минливо што можете да го додадете на вашето лице, да промените или да истакнете нешто со нејзина помош. Шминката за мене е нешто како волшебен јазик, цврсто е поврзана со другите детали кои ги користиме за да се истакнеме, како и фризурата и накитот. Од сите тие аспекти што ги користиме за да нагласиме или да потцртаме некој аспект од себе, шминката е најнепосреден и најстар начин и со тоа и најфасцинантниот, изјави креативниот директор на Гучи, Алесандро Мишел за WWD.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Гучи

„Биди храбра. Биди силна. Биди убава“, е слоганот на познатиот бренд за оваа кампања.

Фото: Инстаграм/ Гучи

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button