Ребека пред само неколку дена славеше роденден, а сега повторно содели вест што сите ги израдува
Сестрите Ребека и Хелена никогаш посреќни
Ова беше посебен ден за познатата пејачка
Откако пред само неколку дена Ребека Јанковска-Ристески го прослави својот 53 роденден, пејачката повторно сподели убави вести.
Но овој пат во главна улога се нејзините близнаци, Макариј и Доротеј, кои денес го слават нивниот 11-ти роденден.
„Вашата среќа е и моја среќа. Слава на Бога што ве имам. Среќен Роденден“ напиша гордата мама објавувајќи неколку заеднички фотографии со своите близначиња со кои моментално престојува во Нов Зеланд.
Фејсбук/ Ребека
Потсетуваме, Ребека веќе некое време е на гости кај својата сестра Хелена Роза која со семејството живее во Нов Зеланд.
Фејсбук/ Ребека
Таа пред неколку недели присуствуваше и на венчавката на ќерката на Хелена, Кјара Гоља, која се венчаше со своето момче.
Инстаграм/ Кјара Гоља
Имено, Кјара во текот на летото беше запросена од саканиот, а во август направија и приватна прослава за најблиските.
Од овие причини во Нов Зеланд замина и мајката на Ребека и Хелена, а неколку дена претходно и Хелена славеше роденден.
Инстаграм/ Кјара Гоља
Хелена покрај Кјара го има и синот Тиан, а нејзината шест години постара сестра покрај близнаците го има и 17 годишниот Маркијан.
Повеќе фотографии од ова големо и среќно семејство на нашите познати сестри погледнете во продолжение…