Реклама
Наши ѕвезди

Реакцијата на водителката ги шокираше сите – Лила Филиповска ова нема никогаш да го заборави

Ќе се воодушевите од реакцијата на нашата позната водителка додека цело Скопје се тресеше

Реклама

Оваа снимка се уште е хит на социјалните мрежи

Стара снимка од пред неколку години од емисијата „Сé или нешто“ со водителката Лила Филиповска се уште е хит.

Станува збор за стара снимка во која се гледа моментот кога Скопје го „погоди“ земјотрес, пред неколку години, кој се случи додека се снимаше една од најгледаните емисии во Македонија.

Маркетинг

И додека сé околу неа се тресеше, Лила мораше да се снајде и брзо да реагира, но и да ги смири останатите во студиото.

Маркетинг
Принтскрин/ Јутјуб

Снимката е од септември 2016 година, кога по еден малку посилен земјотрес земјата неколку недели не мируваше, па во Скопје и околината речиси секојдневно се случуваа потреси со помал интензитет.

Принтскрин/ Јутјуб

Овие земјотреси многумина ги затекнаа додека беа на работа, а тоа и се случи и на нашата позната водителка.

Имено на Јутјуб видеото на кое се гледа како Лила храбро ги смирува останатите досега е прегледано речиси милион пати. Тоа сведочи како водителката реагираше во овие моменти додека тлото под нозете на сите им трепереше, предизвикувајќи страв и паника.

Принтскрин/ Јутјуб

Но Лила ги воодушеви сите со својата храброст, која тогаш остана присебна, па дури и во моментот додека студиото се тресеше.

Принтскрин/ Јутјуб

И покрај големата опасност, таа покажа неверојатна професионалност, а видеото веднаш стана популарно на интернет.

„Кај искачате бе, ајде“, му порача Лила со раширени раце на камерманот кој меѓу првите сакаше да ја „здувне“, но истовремено обидувајќи се да ги смири сите останати во студиото.

Принтскрин/ Јутјуб

Таа во еден момент, сакајќи да ги расположи оние што во тој момент се затекнаа во студиото, се сврте и запраша.

Принтскрин/ Јутјуб

„Само ме интересира дали е снимено ова?“ праша во шега Лила и ги насмеа сите што во тој момент беа во студиото со неа.

Оваа снимка тогаш беше објавена на Јутјуб и многумина во коментарите изразија поддршка и го пофалија нејзиното спартанско однесување, а како сето тоа изгледаше, потсетете се во продолжение….

Видеото е објавено и на Фејсбук, а во описот го пишува следново:

„Вечерва (12.09.2016) додека се снимаше новата сезона од култниот квиз на ТВ Сител „Се или нешто“ се случи земјотресот кој точно во 19.53 часот го погоди Скопје. Благодарение на професионалзимот на водителката Лила Филиповски не настана паника во студиото, и ниту учесниците ниту публиката не станаа од своите места, постапувајќи според препораките од сеизмолозите дека во вакви ситуации треба да се остане смирен додека трае потресот. Квизот по земјотресот продолжи да се снима без никакви проблеми“, пишува под објавата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button